Локалните власти од Северна Грција бараат референдум за Договорот од Преспа

Локалните власти од Северна Грција бараат референдум за Договорот од Преспа

Префектурите и општините од северниот дел на Грција бараат да се распише референдум во земјата за Договорот од Преспа, „за да им се даде на граѓаните законското право да го одобрат или отфрлат“.

На вчерашниот проширен состанок во Солун, организиран од Регионалниот совет на Централна Македонија, со присуство на градоначалници и претставници на општинските совети од грчката област Централна Македонија, претседатели на здруженијата на општини од цела Грција, со присуство на митрополити, претставници од коморите и Универзитетите, беше издадена резолуција која ќе биде доставена до грчката влада и до политичките партии.

„Договорот од Преспа (17.06.2018) претставува многу сериозен дипломатски и национален пораз и е штетен за интересите и иднината на земјата и грчките граѓани. Ниту една грчка влада во минатото не призна „македонска“ националност или „македонски“ јазик, кои што се коренот на иредентизмот на нашите соседи“, пишува во резолуцијата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, локалните власти од грчката област Македонија, велат дека не се согласуваат со Договорот, ги повикуваат владата и политичките партии да не го ратификуваат и најавуваат иницијативи како во, така и вон границите на Грција „за да се известат јавноста, лидерите на странските земји и шефовите на меѓународните организации за прашањето со Скопје“.

„Бараме од владата да одржи референдум за „Договорот од Преспа“ за да им се даде на граѓаните законското право да го ратификуваат или да го отфрлат овој договор што се однесува на важно национално прашање, на историјата и на културата на Грција“, пишуваат локалните власти во резолуцијата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …