Локвенец: Македонија цврсто и одважно зачекорува во новото време

Локвенец: Македонија цврсто и одважно зачекорува во новото време

Прес конференција на Хари Локвенец, пратеник во Собранието на Република Македонија:

Почитувани граѓани,

Граѓаните на херојски Прилеп, како и граѓаните ширум Република Македонија, се сплотија и достоинствено ги прославија историските успеси за државата.

Слободно и по своја волја, без притисоци и уцени, граѓаните се обединија околу националните интереси и го прославија огромниот успех, поканата за влез во НАТО и датум за почеток на преговори со Европската унија.

Со масовната посетеност, граѓаните јасно и недвосмислено покажаа дека избираат европска иднина, сигурност, безбедност и подобар живот тука во Прилеп и Македонија.

Сите заедно покажавме дека Македонија цврсто и одважно зачекорува во новото време!

ВМРО-ДПМНЕ, уплашени од широката граѓанска поддршка за НАТО и ЕУ интеграциите, со денови организираше хајка против националните и стратешки интереси на граѓаните, против домашната македонска музика, против македонските музичари.

Христијан Мицковски упорно ги продолжува деструктивните политики на Никола Груевски. Политики на сеење омраза и создавање поделби помеѓу граѓаните. Политики за кои граѓаните искажаа големо НЕ!

Со добиената покана за НАТО и ЕУ започнува ново време за нашата земја. Време на надеж, безбедност, победи, успеси.

Членувањето на Македонија во овие асоцијации, значи силен економски раст, развој и инвестиции, како на државно така и на локално ниво.

СДСМ им се заблагодарува на сите граѓани на Прилеп и Македонија, што беа дел од синоќешната прослава.

Да продолжиме по патот на обединувањето околу националните и стратешки интереси на Македонија.

Одиме напред!

Да за Македонија во НАТО и ЕУ!

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …