Лошото време на Балканот затвори пристаништа, патишта и гранични премини

Лошото време на Балканот затвори пристаништа, патишта и гранични премини

Ниските температури и снежните врнежи на Балканот затворија пристаништа, патишта, гранични премини. Поради неповолните временски услови воведена е забрана за испловување на траекти од Драч, Албанија, кон Бари, Италија и обратно, сè до друга наредба од капетанијата на пристаништето, соопшти албанската генерална поморска управа.

Поради лошите временски услови во Албанија има проблеми во одвивањето и на патниот сообраќај, посебно во северниот дел на земјата, како и во Корча. Надлежните апелираат на задолжителна употреба на зимска опрема, голема внимателност и строго почитување на условите на патот и сообраќајните правила и прописи.

Снегот, кој од синоќа интензивно паѓа на Копаоник, придружуван од силни ветрови, достигна височина од 70 сантиметри. Сообраќајот е забавен, формирана е колона од возила, а во местото Рудно кај Краљево се завеани повеќе од 200 луѓе, јави РТС.

Грција од вечерва забранува влез на товарни возила поради очекуваното невреме. Забраната ќе почне да важи од 18 часот на премините „Богородица“ и „Стар Дојран“. На граничниот премин „Меџитлија“, забраната за влез на товарни моторни возила е активна во целиот период.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …