Лукаревска: 8 март е историски ден, но и повик за акција!

Лукаревска: 8 март е историски ден, но и повик за акција!

Токму во Прилеп, од градот-херој, сакам да ги поздравам и да им се поклонам на сите храбри девојчиња, девојки, жени кои се гласни против насилството, храбри девојчиња, девојки, жени – ја имате мојата поддршка, ја имате мојата прегратка, порача денеска на Осмомартовскиот марш во организација на Форумот на жени на СДСМ, заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска

“Им благодарам и на жените во моето семејство од кои ја наследив скромноста, а не покорноста. На учителките, наставничките и професорките од кои ја добив укоста. На пријателките кои се секогаш тука, на сопартијките со кои стоечки ги споделуваме и навредите и победите.

Ниту стравот, ниту молкот не се опција. Не е опција ниту зборувањето напразно. Затоа, ги повикувам сите жени, без разлика на сите наши разлики, заедно да му се спротивставиме на овој погубен говор на омраза. Да дадеме пример како не мора исто да мислиме, но можеме достоинствено да разговараме. Верувајте, ќе ни се приклучат сите мажи, сите оние кои знаат дека без жените, животот би бил грешка“ порача Лукаревска.

Заменик претседелката посочи дека родовата еднаквост мора да биде составен дел на секое современо општество и дека претстојат уште битки за целосна рамноправност.

„Ако некои мислат дека сите битки на жените се добиени, нека не го забораваат фактот дека патот до тука не бил ниту лесен, ниту едноставен, ниту пак дека патувањето е завршено. Жените се уште се жртви на сексуално вознемирување, на семејно насилство, на трговија, па дури и на најтешката форма на насилство-фемицид. Убиство на жената само зашто е жена.

Можеби, како што велат, мажите не се плашат од смртта, но ние жените сигурно не се плашиме од животот. Зашто силата е во нашите срца, а таа сила, не прифаќа пораз. Затоа, Осми март е историски ден, но и повик на акција.

Родовиот јаз постои. Родовата нееднаквост, исто така. Постојат и нееднаквите можности. Борбата за права на жените е борба за правата на сите, борба која преку правичноста како средство, ќе не доведе до крајната цел – еднаквоста“ истакна Лукаревска.

Прочитајте повеќе

Италијанските супермаркети „Конад“ влегуваат на македонскиот и црногорскиот пазар

Италијанските супермаркети „Конад“ влегуваат на македонскиот и црногорскиот пазар

Според анализите се очекува отворањето на супермаркетите „Конад“ да придонесе во отворање на нови работни …