Лукаревска: Двојни аршини на ДПМНЕ за Законот за бранители, по секоја цена го штитат Гаши

Лукаревска: Двојни аршини на ДПМНЕ за Законот за бранители, по секоја цена го штитат Гаши

Ветувањата коишто ги слушавме во рамки на кампањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ не се реализирани, едно слушавме пред изборите а сега гледаме дека се случува нешто друго. Во Собранието гледаме двојни аршини, последен пример е однесувањето на мнозинството за Законот за бранители, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата Топ Тема на Телма ТВ.

  • Гледаме двојни аршини на ВМРО-ДПМНЕ. Не го применија истиот принцип за Законот за бранители како што постапија за кредитот од Унгарија. За 20 минути претседателот на Собранието ја закажа Комисијата за финансирање и буџет за кредитот од Унгарија, но одбива да ја закаже комисијата за Законот за бранители. Власта на ВМРО-ДПМНЕ отворено застана во одбрана на претседателот на Собранието, Гаши. Претседателот на Собранието има обврска да се однесува подеднакво за сите закони и за сите пратеници. ВМРО-ДПМНЕ треба да го побара тоа. Да беше искрена, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеше барање до претседателот на Собранието, рече Лукаревска.

Законот за бранители е поднесен од пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска уште на 01.07.2024 година, а ставен е на дневен ред во Собранието дури во септември, што значи толку време чекал во фиока, потенцираше таа.

  • ДПМНЕ треба да стоечки да ја поднесе критиката, а не да обвинува некој друг. Во 2023 година токму ВМРО-ДМНЕ имаше поднесено ваков закон. Значи ли тоа дека сакале да прават политизација или дестабилизација? Сите знаеме колку е голема жртвата на овие луѓе и треба да се поддржи законското решение. Одговорноста во моментов е кај мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеничката Сања Лукаревска во емисијата Топ Тема на Телма ТВ.

Прочитајте повеќе

Маѓар го повика Орбан да го повлече ветото за заемот од 90 милијарди евра за Украина пред да ја напушти функцијата

Маѓар го повика Орбан да го повлече ветото за заемот од 90 милијарди евра за Украина пред да ја напушти функцијата

Петер Маѓар, победникот на унгарските избори и новиот премиер на земјата, го повика Виктор Орбан …