Лукаревска: Формирањето на владиниот тим во финална фаза

Лукаревска: Формирањето на владиниот тим во финална фаза

Формирањето на владиниот тим е во финална фаза вели заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска. Таа вели дека во моментот претседателот и генералниот секретар на СДСМ интензивно разговараат со коалиционите партнери. Се очекува во понеделник да има седница на Централниот одбор на СДСМ на која претседателот и мандатар Димитар Ковачевски ќе ги презентира кадровските решенија за новата влада, по што ќе процедурата во Собранието за избор на нов владин состав.

Лукаревска попладнево во интервју за телевизија Канал 5 рече дека фокус на новата влада ќе биде економијата, подобрување на животниот стандард, ефикасност на институциите и евроинтеграциите. Таа повтори дека останува на функцијата во извршната власт, односно прв човек на Управата за јавни приходи.
Заменик претседателката на СДСМ вели дека кадрите кои ќе бидат дел од новиот владин состав ќе проверени и искусни луѓе кои ќе дадат резултати. Тие, вели таа, ќе бидат исправени пред големи предизвици.

Се очекува лидерот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски наскоро да го објави новиот состав на Владата. Тој доаѓа на местото на Зоран Заев кој по поразот на локалните избори на крајот на октомври си даде оставка од партиската и од премиерската функција. Ковачевски во декември беше избран за претседател на СДСМ, а потоа го доби и мандат за состав на нова влада.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …