Лукароска: Нула реализирани проекти и китење со туѓи перја – Проданоски го продолжува 5-годишното назадување на Прилеп

Лукароска: Нула реализирани проекти и китење со туѓи перја – Проданоски го продолжува 5-годишното назадување на Прилеп

Прес-конференција на претседателката на ОО СДСМ-Прилеп, Петра Лукароска

Китење со туѓи перја, неспособност да се реализира ниту едно изборно ветување, врв на ароганцијата и комплетна отуѓеност од граѓаните – ова е почитувани сограѓани резиме на 10-месечното раководење на општина Прилеп од страна на градоначалникот Дејан Проданоски.

Како послушник и беспоговорен извршител на политиките на Мицкоски, Проданоски не почека отчетот за своето работење да го даде на крајот на првата година од 4-годишниот мандат, туку тоа го направи два месеца порано. И тоа не таму каде што единствено треба – во општинската зграда, пред своите сограѓани, туку во Скопје, од партискиот штаб во арамиската „Бела палата“.

Во изминатите 10 месеци Проданоски направи само една работа: го продолжи 4-годишниот континуитет на вртоглаво паѓање и назадување на градот и населените места започнато од неговиот претходник и сопартиец. И тоа во секој поглед и во секој сегмент од општественото живеење.

Немајќи со што да се пофали, Проданоски посегна по туѓи проекти невешто обидувајќи се да ги прикаже како свои.

Во тој контекст беше спомната и фабриката за селекција на отпад, која патем речено се’ уште не е ставена во функција, за која прилепскиот градоначалник „заборави“ да каже дека средствата за нејзина изградба во висина од 90 милиони денари ги обезбеди Владата на СДСМ.

Градоначалниче Проданоски, сеењето магла нема да те направи подобар градоначалник во очите на прилепчани. Напротив, тоа само ќе им го зголеми револтот од неисполнетите ветувања спакувани во твојата изборна програма и неизбежното чувство дека се повторно излажани.

Граѓаните на општина Прилеп ги интересира каде се најавените обиколници „Исток“ и „Запад“, што се случува со најавениот спортско-рекреативен парк од 30.000 квадратни метри кај Волково, зошто во населбата Градина нема никакви градежни активности, што е со ветеното уредување на Градска река по целата нејзина должина, кога ќе биде готова новата градинка во населбата Рид?

Прилепчани сакаат да знаат кога ќе добијат нов театар, кога ќе бидат одиграни првите натпревари во двете спортски сали „Универзална“ и „Македонија“, зошто преку ноќ двојно се зголеми цената на мостот „Табана“, што се случува со улицата „Победа“, кој ги доведе во колапс јавните претпријатија, кој го загадува воздухот во Прилеп, зошто граѓаните плаќаат улично осветлување а прилепските улици со месеци се во мрак, зошто одбивате да ги наградите пожарникарите…?

За недоличниот настап на седницата на Совет и навредливите зборови кои градоначалникот Проданоски ги упати кон опозициските советници, пошироката јавност на социјалните мрежи веќе го искажа своето мислење.

Се’ на се’, за 10-те месеци на Дејан Проданоски во градоначалничката фотелја, една голема НУЛА!

Прочитајте повеќе

Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

Парламентот на Косово ја избра економистката Јустина Широка Пула за претседател на земјата – функција …