Лукашенко прогласен за персона нон грата во ЕУ, европарламентарците го осудија насилството во Белорусија

Лукашенко прогласен за персона нон грата во ЕУ, европарламентарците го осудија насилството во Белорусија

Водечките политички партии на Европскиот парламент во заедничка изјава го прогласија претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, за персона нон-грата во ЕУ и повикаа на нови, „слободни“ избори во оваа земја.

Изјавата ја потпишаа Европската народна партија, Обновена Европа, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите и Зелената фракција, јавија агенциите од Брисел.

„Претседателските избори во Белорусија на 9 август не беа ниту слободни, ниту фер. Доверливите извештаи ја докажуваат победата на Светлана Тихановска. Затоа не го признаваме Александар Лукашенко за избран претседател и го сметаме за персона нон-грата во Европската унија. Му се придружуваме на белорускиот народ во неговото барање за нови и слободни избори“, се наведува во заедничката изјава на европарламентарците.

Партиите на Европскиот парламент ја поддржаа одлуката на Министерството за надворешни работи на ЕУ за поединечни дополнителни санкции против Белорусија и повикаа тие да бидат воведени во најкраток можен рок.

„Ја поздравуваме одлуката на министрите за надворешни работи на ЕУ за „црната листа “ за сите функционери кои се одговорни за насилството и местењето на претседателските избори. Бараме списокот да биде изготвен што е можно поскоро за на лицата кои ги извршиле овие злосторства да им се забрани влезот во ЕУ и да им се блокираат средствата “, се додава во соопштението.

Пратениците на ЕУ, исто така, ја повикаа Русија да се воздржи од мешање во ситуацијата во Белорусија.

Европарламентарците, исто така, ја осудија употребата на сила против мирните демонстранти и повикаа на итна и транспарентна истрага за сите случаи на насилство врз граѓаните.

„Бараме итно идентификување на сите уапсени пред и по изборната кампања“, се наведува во соопштението.

Извор:ФРОНТЛИНЕ

Прочитајте повеќе

Макрон повика на запирање на испораката на оружје за Израел и фокусирање кон политичко решение

Макрон повика на запирање на испораката на оружје за Израел и фокусирање кон политичко решение

Израелскиот премиер Нетанјаху, пак, во видео порака рече дека Израел ќе победи со или без …