Љупчо Николоски: На изборите ќе се спротистават два концепта, прогресивниот на СДСМ и ретроградниот на ВМРО-ДПМНЕ против ЕУ и НАТО

Љупчо Николоски: На изборите ќе се спротистават два концепта, прогресивниот на СДСМ и ретроградниот на ВМРО-ДПМНЕ против ЕУ и НАТО

  • На овие избори ќе има два концепта: едниот, кој е против Преспанскиот договор, против ЕУ и НАТО и другиот концепт за кој се најголемиот број од политичките партии, граѓаните и прогресивните сили кои силно стојат зад Преспанскиот договор, зад храбрите одлуки кои ги донесовме, кои го трасираат патот кон ЕУ и НАТО.
  • Укинувањето на Преспанскиот договор, за што се залага ВМРО-ДПМНЕ, значи враќање назад, тоа се ретроградни политики во делот на користење на европските средства за кои ние се бориме и кои годинава достигнаа 99% искористеност на ИПАРД 2 програмата, кој пред само 3 години изнесуваше 16%.
  • Стоиме зад донесените одлуки. Само 2 недели беа потребни да го видиме лицето на кандидатите кои ВМРО-ДПМНЕ ги даде за министри и заменици министри: повторно уцени, закани кон администрацијата и на различни други целни групи. Затоа упатувам порака: граѓаните да се чувствуваат сигурни и безбедни, нема да дозволиме ниту Груевски, ниту Мицкоски, ниту било кој да не’ враќа назад. Патот е трасиран и тоа е вистинскиот пат.

Прочитајте повеќе

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче, денеска е …