СДСМ

Љупчо Николовски останува Генерален секретар, Спасовски, Битиќи, Филипче и Царовска потпретседатели на СДСМ

Веднаш после завршувањето на 26 Конгрес, претседателот на СДСМ Зоран Заев ја свика конститутивната седница на Централниот одбор.

На седницата беше избран новиот Извршен одбор на партијата, Генерален и организационен секретар, секретар за меѓународна соработка, како и четворица потпретседатели.

Љупчо Николоски останува Генерален секретар, а за потпретседатели на СДСМ се избрани Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи, Венко Филипче и Мила Царовска.

Мартин Попов е новиот организационен секретар, Бојан Маричиќ останува секретар за меѓународна соработка, додека градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, е избран за претседавач на ЦО.

Прочитајте повеќе

Полицискиот филтер првата „сопка“ за жртвите на семејно насилство

Полицискиот филтер првата „сопка“ за жртвите на семејно насилство

Трагедијата од 2 март 2026 година, во која Ивана и нејзината шест годишна ќерка Катја …