Љупчо Палевски – Палчо притворен во Белград по хрватска потерница

Љупчо Палевски – Палчо притворен во Белград по хрватска потерница

Познатиот бизнисмен и политички активист Љупчо Палевски – Палчо, вчера бил притворен во Белград, во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва.

Љупчо Палевски е поранешен функционер на СДСМ, а денес гласен противник на моменталната политика на СДСМ и Зоран Заев. Тој беше еден од предводниците на протестите против промената на името со движењето „Бојкотирам“.

Палчо е притворен по потерница од Хрватска и во моментов е во екстрадиционен притвор. Според неговиот адвокат Васко Стојков,приведувањето, се случило синоќа околу 19 часот по потерница распишана од Република Хрватска, поради долг на негова фирма во Хрватска од 2.500 евра. Стојков вели дека Палевски никогаш не примил покана на адресата во Македонија за да се појави пред хрватските правосудни органи.

Палевски има кривична пријава и во Македонија затоа што во април годинава на настан во Прилеп преку мегафон пушташе „бомби“.

На веб-страницата на партијата Глас за Македонија на Солза Грчева стои дека Палевски е генерален секретар, таа за порталот „360“, вели дека тој сè уште не е официјално избран од партиските органи за таа раководна позиција иако така е планирано.

„На веб-страницата го има ставено некој од администраторите. Инаку, Љупчо Палевски не е официјално избран за генерален секретар на „Глас за Македонија“. Тој не е поминат низ партиските органи и нема позиција. Движењето „Трета“ што го води Палевски се приклучи на „Глас за Македонија“ и тој многу е активен организациски, но сè уште не е официјално поставен за генерален секретар“, тврди Грчева за „360“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …