Магазин

Изложба на дела од Малиот Битолски Монмартр во прилепскиот Центар за култура

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, утре ќе биде отворена изложба на дела од Малиот Битолски Монмартр. Ќе бидат изложени 30 дела, создадени на интернационалната престижна ликовна манифестација која се одржува во Битола, а на која секоја година учествуваат над 100 деца со ликовни педагози …

Прочитајте повеќе »

Театар Комедија со ,,Вардарски пастуви“ гостува во Прилеп и Битола

НУ Театар Комедија ја продолжува турнејата низ земјава со претставата ,,Вардарски пастуви“. Турнејата започна во мај годинава, во Кочани и Струмица, а со почетокот на театарската сезона таа продолжува и во Прилеп и Битола. Претставата ,,Вардарски пастуви“ во среда, 2. октомври, ќе се игра во Центарот за култура ,,Марко Цепенков“ …

Прочитајте повеќе »

Владимир Трпаноски е новиот претседател на македонската Џудо федерација

Поранешниот џудист и долгогодишен член на федерацијата, Владимир Трпаноски е избран за нов претседател на Џудо федерацијата на македонија. Трпаноски, кој е актуелен комерцијален директор на „Витаминка“ АД – Прилеп, доаѓа на местото на досегашниот претседател Зегљул Реџепи кој си поднесе оставка од претседателската функција. На Собранието на Џудо федерацијата …

Прочитајте повеќе »

Со претставата „Арапска ноќ“, прилепскиот театар утре гостува на МОТ

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ утре, среда 18 септември, ќе настапи на годинашниот фестивал Млад отворен театар во Скопје (МОТ), со претставата „Арапска ноќ“. Публиката ќе може да ја проследи претставата работена по текст на Роланд Шимелфениг, во режија на Зоја Бузалковска, во која играат Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, …

Прочитајте повеќе »

Фестивал „Ристо Шишков“: Награда за севкупно уметничко остварување за „Семејни приказни“, претстава на прилепскиот театар

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ од Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков “ во Струмица се врати со награда. На Фестивалот на кој учествуваше со претставата „Семејни приказни“, на прилепскиот театар му припадна наградата на НЕТА за севкупно уметничко остварување. Во претставата која ја режираше Милош Б. Андоновски, играат актерите Јасмина …

Прочитајте повеќе »

Театарската работилница „Прилеп“ гостува во Ниш

На покана на здружението на граѓани „Вардар” од Ниш, Театарската работилница Прилеп и ЦК „Марко Цепенков“ на 12 и 13 септември ќе гостуваaт на Деновите на македонската култура во Ниш. Гостувањето е со музичко – поетска вечер и монодрамата Delirium tremens од Благоја Ристески Платнар, во режија и изведба на …

Прочитајте повеќе »

Со апсолутен триумф на театарот од Загреб, синоќа заврши фестивалот „Гола месечина“

Комедијата „39 степеница“ на загрепското Градско казалиште „Комедија“, победи на годинешното издание на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој синоќа со доделувањето на наградите беше свечено затворен. Оваа претстава ги собра и наградите за најдобра режија, најдобра актерка и најдобар актер што ги додели специјалната меѓународна жири-комисија. Годинава за …

Прочитајте повеќе »

КОНЦЕРТ НА МАКЕДОНСКИ БРАС КВАРТЕТ ВО РЕСЕН

Јавната установа Дом на културата „Драги Тозија“ во Ресен, имаше ретка и убава можност да биде домаќин на Македонскиот брас квартет, составен од четворица музичари, вработени во Национална Опера и Балет, Стојанче Косовски – труба, Александар Златески – труба, Горан Јанев – хорна и Владан Дробицки – тромбон. Настапот на …

Прочитајте повеќе »