Македонците најчесто купуваат онлајн од Обединето Кралство, Унгарија и САД

Македонците најчесто купуваат онлајн од Обединето Кралство, Унгарија и САД

Народната банка ги објави статистичките податоци за платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот, со акцент на виртуелните места на продажба за 2019 година.
Притоа, годишните податоци за платежните трансакции со платежни картички содржат вклучена географска поделба по земји и се поделени во две засебни табели:
1. Број и вредност на онлајн трансакции со домашни платежни картички во странство;
2. Број и вредност на онлајн трансакции со странски платежни картички во Македонија.
Податоците за трансакциите со странски платежни картички во Македонија, се евидентираат од страна на банката која го обезбедува уредот за плаќање (виртуелен пос терминал) и се пријавуваат како трансакции извршени во земјата со странски платежни картички, независно од тоа дали физичкото или правното лице кое е имател на картичката со која е реализирана онлајн трансакцијата е резидент или нерезидент.
Податоците за трансакциите со домашни платежни картички во странство, се евидентираат од страна на банката која ја издава картичката (дебитна или кредитна) и се распределуваат по одделни земји согласно кодот на земјата кој опслужувачот на уредот за плаќање ја испратил како локација на трансакцијата.
Согласно податоците за реализирани трансакции во текот на 2019 година, објавени на веб страната на НБРСМ, ги анализираме бројот и вредноста на реализирани онлајн купувања со домашни платежни картички и кон домашни уреди за плаќање (виртуелен пос терминал).
Во текот на 2019 година со домашни платежни картички во странство реализирани се вкупно 3.375.597 онлајн трансакции со вкупна вредност од 100,3 милиони евра. Од друга страна, со странски платежни картички во земјава реализирани се вкупно 170.390 онлајн трансакции со вкупна вредност од 6,85 милиони евра.
Земји во кои најмногу се купува онлајн со македонски платежни картички
Од вкупниот износ во вредност од 100,3 милиони евра кои македонците во текот на 2019 година го потрошиле онлајн за купување производи од странство, дури 78,4% од вредноста на трансакциите се реализирале во корист на ТОП 10 земји каде македонците купувале.
Станува збор за следниве земји:

Македонците најчесто купуваат онлајн од Обединето Кралство, Унгарија и САД

Анализирајќи го бројот на онлајн трансакции со македонски платежни картички во странство, високи 83,3% од трансакциите завршиле во корист на ТОП 10 земјите прикажани во табелата во продолжение. Убедливо најголем број на трансакции со домашни платежни картички (вкупно 1.294.814) се реализирани во корист на веб продавници кои потекнуваат од Обединетото Кралство.

Македонците најчесто купуваат онлајн од Обединето Кралство, Унгарија и САД

И странците купуваат онлајн од македонски веб продавници
Имателите на платежни картички од други земји, ја зголемуваат вредноста на реализирани онлајн трансакции во корист на македонски веб продавници. Конкретно, во 2019 година од вкупно реализираниот износ најголем дел припаѓа на имателите на картички од САД, Обединето Кралство, Канада, Швајцарија, итн.
Прегледот на ТОП 10 земји од каде се купувало онлајн во Македонија погледнете го во продолжение.

Македонците најчесто купуваат онлајн од Обединето Кралство, Унгарија и САД

Од аспект на бројот на онлајн трансакции со странски платежни картички во Македонија, истите земји кои имаат најголем промет се дел од прегледот на ТОП 10 земји според најголем бројот на трансакции. Од соседните земји, единствено Бугарија е дел од ТОП 10 земји чии картички пазаруваат онлаjн во Македонија.

Македонците најчесто купуваат онлајн од Обединето Кралство, Унгарија и САД

Од аспект на вредноста на трансакциите, просечна трансакција со платежни картички од земјава кон Обединето Кралство изнесува 1.012,00 денари, односно 5.268,00 денари кон Унгарија и 1.115,00 денари кон САД.
Американските картички реализирале просечни трансакции во вредност од 2.839,00 денари кон македонски веб продавници, додека картички од Обединето Кралство во просек плаќале по 2.305,00 денари.

Прочитајте повеќе

Тевдовски, Узунов, Беџети, Бишев

Економски експерти со предлог решенија и политики за нов концепт на водење на економијата во државата

Вчера, се одржа јавна дискусија „Нова ера, нова надеж“ кадешто се разговараше за нов концепт …