Македонија сè уште ја очекува поканата од американскиот претседател Доналд Трамп за учество во т.н. Одбор за мир – меѓународна иницијатива првично осмислена за ставање крај на војната во Газа, а подоцна проширена и на други глобални конфликти.
Според првичните информации од американски извори, околу 50 земји досега добиле покани, но не сите позитивно се изјасниле за приклучување кон иницијативата.Дел од балканските држави веднаш ја прифатија поканата, некои ја одбија, додека други сè уште ја разгледуваат понудата.
Од македонската влада информираат дека до овој момент не е пристигната официјална покана до земјата. И покрај тоа што актуелната власт во неколку наврати истакнуваше дека има пристап и комуникација со администрацијата на Доналд Трамп, Македонија засега не се најде меѓу земјите повикани во Одборот за мир.

Регионални поделби околу иницијативата
Од регионот, Србија не добила покана, додека Косово, иако не беше на првичниот список, официјално ја поддржа иницијативата. Косовската претседателка Вјоса Османи порача дека Косово стои „цврсто како сојузник на Америка“.
Меѓу земјите од Балканот кои добиле покани се Хрватска, Албанија и Словенија, иако нивните ставови значително се разликуваат.
Поканата ја прифати и Белорусија, што предизвика значителни контроверзии поради меѓународната изолација на претседателот Александар Лукашенко. Истовремено, Италија се двоуми, иако премиерката Џорџа Мелони првично ја поздрави идејата, додека медиумите пренесуваат дека Рим бара начин да се дистанцира од иницијативата.

Кои земји прифатија, а кои одбија
Неколку земји соопштија дека ќе се приклучат на Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп, додека дел од европските држави ги одбија поканите. Голем број земји сè уште не одговориле на повикот на Трамп.
Со Одборот ќе претседава Доналд Трамп, а првично тој беше замислен како мала група светски лидери што ќе го надгледуваат планот за прекин на огнот во Газа. Подоцна, амбициите на администрацијата на Трамп значително се проширија, при што претседателот упати покани до десетици држави и најави дека во иднина Одборот би можел да има улога на посредник во меѓународни конфликти.
Претставник на Белата куќа изјави дека се очекува околу 30 држави да му се приклучат на Одборот, без да изнесе дополнителни детали, додека покани биле испратени до околу 50 земји.
Земји кои ја прифатија поканата за приклучување кон Одборот:

Во продолжение следи преглед на Асошиетед прес за тоа кои држави ја прифатиле поканата, кои ја одбиле и кои сè уште немаат донесено одлука.
Земји кои ја прифатија поканата за приклучување кон Одборот:
- Аргентина
- Ерменија
- Азербејџан
- Бахреин
- Белорусија
- Египет
- Унгарија
- Индонезија
- Јордан
- Казахстан
- Косово
- Мароко
- Пакистан
- Катар
- Саудиска Арабија
- Турција
- Обединети Арапски Емирати
- Узбекистан
- Виетнам
Земји кои, барем засега, нема да се приклучат:
- Франција
- Норвешка
- Словенија
- Шведска
Земји кои добиле покана, но сè уште не се изјасниле:
- Обединето Кралство
- Камбоџа
- Кина
- Хрватска
- Германија
- Индија
- Италија
- Европската комисија (извршното тело на Европската Унија)
- Парагвај
- Русија
- Сингапур
- Тајланд
- Украина
Што претставува „Одборот за мир“ на Трамп
Иницијативата беше првпат најавена во септември минатата година, кога Трамп го претстави својот планза окончување на конфликтот во Газа.Подоцна, проектот беше проширен како глобален механизам за решавање вооружени судири.
Според нацрт-документ во кој имал увид „Ројтерс“, Доналд Трамп ќе претседава со Одборот, кој треба да промовира мир и посредување ширум светот. Членството е ограничено на тригодишен мандат, освен ако земјата не уплати една милијарда американски долари, со што би стекнала постојано членство.
Во Извршниот одбор се именувани државниот секретар на САД Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф, поранешниот британски премиер Тони Блер и зетот на Трамп – Џаред Кушнер.
Извор: DW
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место