Македонија ќе помогне во гаснењето на пожарите во Грција

Македонија ќе помогне во гаснењето на пожарите во Грција

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски, потврди дека Македонија ќе испрати два авиона кои ќе помогнат во гаснењето на пожарите кои беснеат во Грција, од кои најголемиот дел се во околината на Атина.

Како што изјави Џафероски, авионите се спремни и ќе заминат штом се добие повратна информација од службите во Грција. Со оглед на тоа што станува збор за далечна дестинација, пожарникари нема да се испраќаат, но доколку за тоа има потреба, дополнително ќе бидат испратени и теренски возила со пожарникари.

Во огнената стихија која беснее во околината на Атина, досега загинаа најмалку 50 лица, а повредени се повеќе од 150.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …