„Македонија Лек“: Граѓаните да бидат спокојни, вакцините се со врвен квалитет

„Македонија Лек“: Граѓаните да бидат спокојни, вакцините се со врвен квалитет

По информациите кои се појавија во јавноста за можно присуство на вакцини со истечен рок, компанија „Mакедонија Лек“, која е увозник и дистрибутер на МРП вакцините, изврши внатрешна контрола. Контролата покажала дека вакцините од марката „Priorix“ се со важечки рок и сигурни за користење, соопштуваат од компанијата.

При контролата откриена била, како што велат, помала техничка грешка која вработените ја направиле при аплицирање на декларациите. Имено, кај мал дел од пакувањата се аплицирани старите декларации со датумот од претходниот увоз, односно октомври 2018. Компанијата „Македонија лек“ им порачува на граѓаните да бидат спокојни и им се извинува за овој пропуст. Во меѓувреме, нема регистрирано нови случаи на морбили, а во градинките се примаат само вакцинирани деца.

Извор: Телма

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …