Македонија обезбеди привремен престој за 131 авганистански граѓанин вработен во Обединетите Нации

Синоќа на Меѓународниот аеродром Скопје, пристигна група од 131 граѓанин на Авганистан. Се работи за вработени на Обединетите Нации за кои Северна Македонија обезбеди привремен престој до нивното заминување во трета држава. Земјава со ова продолжува да помага во меѓународната хуманитарна операција за помош на цивили кои се под опасност од новата талибанска власт.
По слетувањето беше спроведена стандардната процедура- безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.
Ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации.
Во земјава во моментов престојува 531 граѓанин на Авганистан за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош.
Од Северна Македонија до сега заминаа 84 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија и Бразил.

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …