„Македонија пат“: Возете внимателно, сообраќајот се одвива по влажни коловози

„Македонија пат“: Возете внимателно, сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, се’ уште се на сила.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

За сите подетални информации јавете се на дежурниот телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја веб страницата www.makedonijapat.com.mk

Прочитајте повеќе

цук пожари

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се …