Вечерта на 10 јули, Македонија по вторпат стана европски шампион во CS:GO, откако ја победи Украина со 2-1 во мапи.
Македонските херои кои дефинитивно не израдуваа нас и пошироката јавност се Јане “aidKiT” Апостолоски, Дамјан “kyxsan” Стоилковски, Даниел “dan1” Глигоров, Павле “stYleEeZ” Стојановски и Александар “CacaNito” Ќулукоски, членови на македонската CS:GO репрезентација/федерација, односно тимот на “BLUEJAYS”, кои успеаа да ги обединат европската и светската титула во CS:GO! Капа доле момци, маскимално заслужено!
Патот до европската титула не беше баш-така-лесен, затоа што нашата репрезентација во финалето мораше да направи пресврт за да го крене трофејот кој значи – европски шампиони во CS:GO!