Македонија

Вести и новости од Македонија.

Сивата економија се уште ги мачи регистрираните фирми и им создава нелојална конкуренција

Проектот на УСАИД, Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум на тема: „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“, во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија. „Бараме конкретни чекори од страна на институциите како носители на механизмите за справување со сивата економија. Предложени мерки се …

Прочитајте повеќе »

За една недела, двојно зголемен бројот на грипозни

Во текот на минатата недела пријавени се 58 случаи со заболувања слични на грип, што е двојно зголемување во споредба со неделата пред неа, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). – Регистрираната инциденца оваа недела укажува на ниска активност на вирусот на грип. Во текот на изминатата недела, нема регистриран …

Прочитајте повеќе »

„Разловци на платно“ – ликовна колонија во чест на 143 годишнината од Разловечкото востание

Ликовни уметници на платно ќе доловуваат мотиви од исконскиот амбиент на живописното делчевско село Разловци, во рамките на ликовната колонија „Разловци на платно“ организирана во рамките на одбележувањето на 143-годишнината од Разловечкото востание. Познатите ликовни уметници од Делчево, Петар Атанасов –Пепи, Александар Белогаски, како и младите Ели Енѓовска и Ангела …

Прочитајте повеќе »

Заев на Македонскиот енергетски форум 2019: Производството на чиста енергија треба да биде еден од генераторите на економскиот раст

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на отворањето на Македонскиот енергетски форум 2019 „Енергетска транзиција преку обновливи извори и енергетска ефикасност“. Премиерот Заев и в.д амбасадорката на Амбасадата на САД, Микаела Швајцер Блум со свои воведни обраќања го отворија Македонскиот енергетски форум 2019.  Амбасадорката Блум …

Прочитајте повеќе »

Премиерот Заев и Принцот Едвард: Партнерството меѓу Велика Британија и Северна Македонија ќе продолжи во области од заеднички интереси

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев присуствуваше на пригодната вечера што беше организирана по повод посетата на Неговото Височество принцот Едвард на Република Северна Македонија. На вечерата Премиерот Заев и Принцот Едвард се задржаа во куси разговори со гостите на вечерата, дел од стипендистите на академската програма …

Прочитајте повеќе »

Општина Тетово вели дека искористила 122.000 евра од ИПА-фондовите за почист град

Во октомври минатата година, општинските власти во Тетово ветија дека во 2019 година ќе набават 200 нови контејнери за отпадоци кои ќе бидат поставени низ целиот град. Од Општината за „Порталб.мк“, велат дека купиле 150 контејнери за отпадок,  финансирани со европски пари. Од Општина Тетово информираа дека искористиле 7.320.000 денари (122 …

Прочитајте повеќе »

Регионален бизнис-форум за жени претприемачи од Западен Балкан се одржува во Скопје

Регионалниот бизнис-форум за жени претприемачи се одржува денеска и утре во хотелот „Дабл три Хилтон“ во Скопје. Настанот е организиран од Програмата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за жени претприемачи од Западен Балкан, со цел да се разменат искуства помеѓу претставници од финансиските институции и жените претприемачи …

Прочитајте повеќе »

Претседателот Пендаровски ќе го прими принцот Едвард

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска во вилата Водно ќе го прими неговото височество принцот Едвард, грофот од Васекс, кој престојува во официјална посета на државава. Принцот Едвард вчера на Скопскиот аеродром беше пречекан од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Неговото височество принцот Едвард денеска ќе …

Прочитајте повеќе »