Македонија

Вести и новости од Македонија.

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Владата и Фондацијата „Метаморфозис“ за страгегијата за транспарентност

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски и извршниот директор на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардил Јашари, вчера го потпишаа Меморандумот за соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и фондацијата „Метаморфозис“ за поддршка во креирањето и реализацијата на стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија. Процесот на …

Прочитајте повеќе »

Информација од СВР Битола за појавата на самоповредување на ученици

До Секторот за внатрешни работи – Битола, денеска 16.04.2019 од страна на директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола, беше доставено официјално барање за постапување затоа што, како што е пријавено, кај неколку ученици била забележана појава на самоповредување. СВР Битола постапува со најголема сериозност по барањето, со цел расчистување …

Прочитајте повеќе »

Крушево: Ученици од СОУ „Наум Наумовски Борче“ освоија прво место на натпревар по гастрономија на Брач, Хрватска

Учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево, Давид Трајкоски и Бојан Седлоски на меѓународниот натпревар за гастрономија во Хрватска, освоија златен медал, додека средното училиште од Крушево го освои второто место во конкуренција од 24 училишта од Европа. Претставник од хотел „Монтана Палас“ Крушево, како еден од главните покровители, …

Прочитајте повеќе »

Во Македонија работната седмица трае подолго од каде било во ЕУ (инфографик)

Во Македонија работната седмица трае подолго отколку во која било земја-членка на Европската унија, а по бројот на работни часови седмично, земјава е втора на Балканот. Седмично во Македонија се работи 42,3 часа, а просечната работна недела во земјите на Европската Унија трае 40,3 часа, покажуваа податоците од Еуростат за …

Прочитајте повеќе »

СДСМ: Сиљановска по стапките на Груевски, побегна од дебата, не ги почитува граѓаните

Соопштение на СДСМ: По стапките на Никола Груевски тргна и Сиљановска. Гордана Сиљановска денеска побегна од новинарите, побегна од граѓаните, од јавноста. Што подалеку бега Сиљановска од граѓаните за кои самата рече дека не ги познава. Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска, не ги почитува граѓаните, не ги почитува медиумите …

Прочитајте повеќе »

130 седница на Влада: 5 мај прогласен за ден на македонскиот јазик, Македонија ќе биде домаќин на 2.000 американски војници

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна, 130-та седница ја разгледа и усвои информацијата на Министерството за здравство, според која на предлог на Комисијата за заразни болести при министерството е донесена одлука за прогласување епидемија на мали сипаници на цела територија на Република Северна Македонија. Согласно постапката за вакви …

Прочитајте повеќе »

Јавниот превоз во Прилеп наскоро со четири нови автобуси на метан

Во текот на летото, јавниот превоз во Прилеп ќе биде засилен со 4 нови автобуси на метан, чија што набавка е во тек. Средствата се обезбедени од општинската каса, префрлени на Јавното претпријатие за Просторни и урбанистички планови, кое што ја реализира набавката со распишување меѓународен тендер. Според директорката на …

Прочитајте повеќе »

Првиот патнички воз успешно ја тестираше пругата Битола – Кременица

Успешно помина првичното тестирање на пругата од Битола до Кременина на македонско – грчката граница. Патнички воз на Железници на РСМ – Транспорт денеска направи пробно возење на пругата долга 17 километри. Екипите ја тестираа поставената сигнализација долж целата траса, вклучувајќи го и работењето на семафорите на влезот и излезот …

Прочитајте повеќе »