Македонија

Вести и новости од Македонија.

Димитров во работна посета на Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел. Тој денеска ќе се сретне со заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемолер, а утре ќе има обраќање пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот Парламент. При тоа, Димитров ќе информира за актуелните подготовки за …

Прочитајте повеќе »

Заев: Меѓусебно да си пружиме рака и заедно да се надеваме на подобра иднина

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министрите за внатрешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство Оливер Спасовски и Љупчо Николовски, денеска, присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во црквата „Светa Богородица“ во Осоговскиот манастир во близина на Крива Паланка. Обраќајќи …

Прочитајте повеќе »

Владата ќе обезбеди дополнителна субвенција за лозарите

Владата ќе обезбеди дополнителна субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје за сортите вранец и смедеревка. На овој начин ќе се придонесе за зголемување на рентабилноста на производството на овие две најзастапени сорти. Одлуката ќе биде донесена на следната владина седница. Освен оваа дополнителна субвенција, со цел создавање на …

Прочитајте повеќе »

Сугарески: Владата ќе учествува во уредувањето на индустриската зона „Визбегово“

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска оствари работна посета на општина Бутел. Во текот на средбата, министерот Сугарески и градоначалникот Смилевски разговараа за инфраструктурните проекти што се реализираат во Бутел, а се од огромно значење и за економскиот развој на општината и за квалитетот на живот на граѓаните. …

Прочитајте повеќе »

Фото вест: Стапица за мачки во битолскиот Совет!

Како што јавува ТВ 21, во Советот на Општина Битола, пред самиот влез во салата во која се одржуваат седниците, општинските служби поставиле стапица за мачки. Стапицата била поставена по реакции на советници, бидејќи инвентарот каде работеле бил уриниран од мачки кои се шетале низ Советот, а на една од последните …

Прочитајте повеќе »

Дума во „Титаник 2“: Ибраими ми рече „шефот ме бара“, потоа гласаше како членовите од ВМРО-ДПМНЕ

На судењето за предметот „Титаник 2″, прва сведочеше поранешната членка на Државната изборна комисија, Виолета Дума. Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи ја праша Дума дали се сеќава на седницата на ДИК, за приговорот за гласачкото место 1727 во општина Струмица, за локалните избори 2013 година. – Дали видовте дека некој …

Прочитајте повеќе »

Прилеп домаќин на 7.Меѓународен џез фестивал

Прилеп по седми пат ќе биде домаќин на Меѓународниот џез фестивал, кој од четврток 30 август, до сабота 1 септември, ќе се одржи на летната сцена во центарот за култура „Марко Цепенков“. На денешната прес конференција, градоначалникот Илија Јованоски ги покани љубителите на џез музиката да ги проследат настапите на …

Прочитајте повеќе »

Сите обвинети негираат вина за „крвавиот четврток“

Обвинетите за упадот во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година, кои се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок, на денешното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но дека не се чувствуваат за виновни. Судскиот процес продолжува на 31 август со сослушување на сведоци …

Прочитајте повеќе »