Македонија

Вести и новости од Македонија.

Фајненшал Тајмс за надминувањето на спорот за името: Македонското решение е позитивен чекор за Европа

Фајненшал Тајмс за надминувањето на спорот за името: Македонското решение е позитивен чекор за Европа

„Македонското решение е позитивен чекор за Европа“ оценува угледниот британски весник Фајненшал Тајмс, кој во колумната на уредувачкиот колегиум на медиумот наведува дека со решавањето на 27 годишниот отворен проблем помеѓу Грција и Македонија е достигнато ретко достигнување вредно за прослава на Западен Балкан. Во тој контекст Фајненшал Тајмс наведува …

Прочитајте повеќе »

Заев: За десет личности се прават анкети кој би бил најдобар кандидат за претседател

Заев: За десет личности се прават анкети кој би бил најдобар кандидат за претседател

Централниот одбор на СДСМ ќе се одржи во петок, а дебатата за консензуален кандидат е во тек, одговори денеска на новинарско прашање премиерот Зоран Заев во врска со името за консензуален претседател, на прес-конференцијата во Владата посветена на проекти во патната инфраструктура. Тој додаде дека, како партија и коалиција која …

Прочитајте повеќе »

Македонец од с. Ласкарци си ја убил сопругата на паркинг во Австрија

Македонец од с. Ласкарци си ја убил сопругата на паркинг во Австрија

Државјанин на Македонија ја уби својата сопруга во Австрија. Осомничениот е 36 годишен маж кој според локалните медиуми ја пречекал својата сопруга (32) на паркинг пред супермаркет во градот Тулн и ја нападнал со нож пред очите на повеќе минувачи. Брачниот пар имале две деца, 6 и 10 години, кои …

Прочитајте повеќе »

Законот за употреба на јазиците е испратен до Венецијанската Комисија

Законот за употреба на јазиците е испратен до Венецијанската Комисија

Владата на Република Македонија, согласно својата претходно донесена одлука, ја испрати целосната содржина од Законот за употреба на јазиците на мислење до Венецијанската Комисија, заедно со алтернативниот текст на членот 8*, кој не е составен дел од Законот, од причина што се постави прашањето за неговата усогласеност со Уставот на Република Македонија. …

Прочитајте повеќе »

Се укинуваат мерките за заштита од загадувањето

Се укинуваат мерките за заштита од загадувањето

 Соопштение на Владата на Република Македонија: Исто така, Ве информираме дека прагот за алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 g/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, е надминат на мерното место Струмица. Во …

Прочитајте повеќе »

Заев: Со продлабочување на соработката со Мајкрософт, придобивки ќе имаат граѓаните

Заев: Со продлабочување на соработката со Мајкрософт, придобивки ќе имаат граѓаните

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и претседателот на Националниот совет за ИКТ во Владата на Република Македонија, Владимир Цветковиќ, денеска остварија средба со генералната менаџерка на Мајкрософт за 24 земји од Централна и Источна Европа, Анке ден Ауден. На …

Прочитајте повеќе »

Почната истрага, можна и дисциплинска постапка за војникот – креатор на лажни вести

Почната истрага, можна и дисциплинска постапка за војникот – креатор на лажни вести

АРМ чека „специјализирани служби“ да спроведат истрага за војникот Слаѓан Бојковски, посочен како креатор на лажни вести. Во зависност од тоа што ќе утврди истрагата, можно е против професионалниот војник да се покрене дисциплинска постапка за нарушување на угледот на Армијата, што, според Законот за служба во АРМ, предвидува казни …

Прочитајте повеќе »

Средба на премиерот Заев со делегација на Министерството за одбрана на Словенија

Средба на премиерот Заев со делегација на Министерството за одбрана на Словенија

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска прими делегација на Министерството за одбрана на Република Словенија, предводена од министерот Карл Ерјавец. На средбата, на која присуствуваа и заменик претседателката во Владата на РМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, националниот координатор за НАТО на нашата земја Стево Пендаровски, …

Прочитајте повеќе »