Македонија

Вести и новости од Македонија.

Премиерот Заев оствари средба со претседателот на „Беса“ Билал Касами

Премиерот Заев оствари средба со претседателот на „Беса“ Билал Касами

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска оствари средба со претседателот на партијата „Беса“ Билал Касами. Двајцата претседатели разговараа за барањата на “Беса” предводена од господинот Билал Касами во позитивна и пријателска атмосфера, при што се разговараше за причините и за содржината на самите барања. На средбата е …

Прочитајте повеќе »

Оградата за депонијата со линдан во Пеленица ќе биде прва јавна набавка во 2019 на МЖСПП

Оградата за депонијата со линдан во Пеленица ќе биде прва јавна набавка во 2019 на МЖСПП

Оградувањето на дивата депонија со високо токсичен и канцероген линдан во Пеленица, Драчево, ќе биде првата јавна набавка на Министерството за животна средина и просторно планирање во оваа година, потврдуваат од таму за „Мета“. Иако првично беше најавено дека депонијата ќе се огради до крајот на годината што измина, тимот …

Прочитајте повеќе »

Свечена академија по повод патрониот празник на гимназијата „Мирче Ацев“

Свечена академија по повод патрониот празник на гимназијата „Мирче Ацев“

По повод патрониот празник на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, вечерва во театарот „Војдан Чернодрински“ се одржа свечена академија. Во својата порака која им ја упати на средношколците, градоначалникот Илија Јованоски истакна дека Општина Прилеп и тој како градоначалник, секогаш ќе излегуваат во пресрет на барањата за реализација на новите идеи …

Прочитајте повеќе »

Заев: Посакувам консензуален кандидат за претседател, прифатлив за мнозинството граѓани

Заев: Посакувам консензуален кандидат за претседател, прифатлив за мнозинството граѓани

До сега не сме разговарале за името на консенсузалниот претседател, да заврши процесот во парламентот поврзан со уставните измени и потоа ќе отвориме дебата, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за тоа дали со ДУИ разговарале за можните имиња кои се вртат во јавноста на кандидат за претседател како …

Прочитајте повеќе »

Управата за финансиска полиција лани поднела 74 кривични пријави

Управата за финансиска полиција лани поднела 74 кривични пријави

Министерот за финансии Драган Тевдовски оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми кој информирал дека во 2018 година Управата поднела вкупно 74 кривични пријави за дела со кои е нанесена штета на буџетот во износ од три милијарди денари. Ова е значително повеќе во споредба …

Прочитајте повеќе »

ЕБОР одобри 5,9 милиони евра кредит на ЕЛЕМ за изградба на фотоволтаици во Осломеј

ЕБОР одобри 5,9 милиони евра кредит на ЕЛЕМ за изградба на фотоволтаици во Осломеј

ЕБОР одобри кредит од 5,9 милиони на компанијата за производство на електрична енергија во државна сопственост – ЕЛЕМ, која планира да ја изгради првата поголема плантажа со соларни панели за производство на електрична енергија, која ќе биде изградена на поранешен искористен рудник за јаглен. Останатите средства до 7 милиони евра, …

Прочитајте повеќе »

Касарната „Мирче Ацев“ го одбележа патрониот празник

Касарната „Мирче Ацев“ го одбележа патрониот празник

Со пригодна свеченост и положување свежо цвеќе пред бистата на Мирче Ацев, денеска прилепската касарна „Мирче Ацев“ го одбележа својот патрон празник. Зборувајќи за животниот пат на Народниот херој чие име касарната го носи, командантот на касарната, потполковник Ѓорѓи Василевски рече дека Мирче Ацев со навршени само 28 години, со …

Прочитајте повеќе »

Апел да не се палат огнови за божиќните празници за да се намали загадувањето

Апел да не се палат огнови за божиќните празници за да се намали загадувањето

За да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух, од Град Скопје апелираат до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници. „Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа …

Прочитајте повеќе »