Македонија

Вести и новости од Македонија.

Изгласани сите нацрт-амандмани за промена на Уставот, следува јавна расправа

Пратениците во Собранието по тридневна расправа ги усвоија четирите нацрт-амандмани за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција. Утре според најавите, би требало да почне јавната расправа за четирите нацрт амандмани за која се предвидени пет дена, по што Владата ќе треба да ги формулира предлозите …

Прочитајте повеќе »

Банките уриваат рекорди во издавање станбени кредити

Станбеното кредитирање во изминатите неколку години e најбрзорастечкиот сегмент од кредитното портфолио на банките. Од Народната банка информираат дека годишните стапки на пораст на станбените кредити, кои се движат околу 15 отсто, се значително над просечниот пораст на вкупните кредити на домаќинства, каде годишната стапка на пораст е околу 10 …

Прочитајте повеќе »

Претпладне облачно време со магла, вечерва со услови за дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла по одделни котлините и по речните долини. Кон крајот на денот и на преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд, на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. …

Прочитајте повеќе »

Грабар – Китаровиќ: Хрватска силно ќе ги поддржи процесите за членство на Македонија во ЕУ и НАТО

Претседателот на Владата на Република Македонија, се сретна и со хрватската претседателка на државата, Колинда Грабар – Китаровиќ и со претседателот на Собранието на Република Хрватска, Гордан Јадроковиќ, по средбата со премиерот Андреј Пленковкиќ. Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ најави дека Хрватска силно ќе ги поддржи процесите за членство на …

Прочитајте повеќе »

Се одржа осмата седница на Советот за имплементација на стратегијата за реформи на правосудниот сектор

Членовите на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор (2017-2022 година) на Владата на Република Македонија, на осмата седница што се одржа денеска, главно се задржаа на измените што ги носи Законот за кривична постапка, како и на Законот за извршување санкции. Во дебатата за …

Прочитајте повеќе »

Во Прилеп одбележан Меѓународниот ден за грижа на лицата со попреченост

Лица со попреченост од Прилеп, кои што се социјализираат во двата дневни центра: „Ѕуница“ и Дневниот центар за лица со церебрална парализа, денеска со песни и игри го одбележаа Меѓународниот ден за нивна грижа. Градоначалникот Илија Јованоски и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Живко Силјаноски присуствуваа на оваа …

Прочитајте повеќе »

Стефан Младеновски, обвинет за упадот во Собранието на 27 април: Ни рекоа дека во 22 часот Иванов ќе има обраќање и ќе прогласи воена состојба

Сведочење на Стефан Младеновски, обвинет за упадот во Собранието на 27 април минатата година: „Кога беше објавена тиранската платформа, почнаа протестите на ‘За заедничка Македонија’. Учествував повеќепати со мојот брат и екипата на Нинџа, со кој се чекавме кај ‘Палома бјанка’. Со протестите не сум многу запознаен, но знам дека …

Прочитајте повеќе »

Обвинет за крвавиот четврток: Ексдиректорот на УБК планираше упад во ДИК со молотови коктели

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во 2016 година наредил ако Државната изборна комисија ги одбие приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, насилно да се упадне во просториите на ДИК со молотови коктели, рече Стефан Младеновски, обвинет за упадот во Собранието на 27 април минатата година на денешното рочиште во …

Прочитајте повеќе »