Македонија

Вести и новости од Македонија.

Министерство за здравство распиша тендер за инсулин за две години

Министерството за здравство соопшти дека денеска е почната постапката за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал, за периодот септември 2018 – септември 2020 година. „Постапката и процедурите се соодветно испланирани, согласно бројот и потребите на пациентите и населението …

Прочитајте повеќе »

Казни за несовесно паркираните возачи кај битолскиот Офицерски дом

Одделението за комунална инспекција и инспекција на животната средина на Општина Битола, во согласност со Законот за јавна чистота и Законот за комунални дејности, по дојава на граѓаните во повеќе наврати реагирала на терен со соодветни законски санкции против лицата кои непрописно паркираат на тревни места и тротоари. Ова особено …

Прочитајте повеќе »

Подобрено водоснабдувањето на жителите од прилепската урбана заедница „Рид“

Подолг временски период, населението кое живее на улиците „Методија Патчев“ и „Борка Талески“ во урбаната заедница „Рид“, особено жителите кои живеат во највисокиот дел на урбаната заедница, се жалеа на проблеми со водоснабдувањето. Од тие причини, првиот човек на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески, денеска се сретна со жителите …

Прочитајте повеќе »

Средба на Заев со претставници на дијаспората: Поддршка за политиките што водат кон членство во НАТО и ЕУ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со претставници на дијаспората од Македонија во Италија, Швајцарија, Луксембург, Германија, Словенија, Хрватска, САД. На средбата е изразена поддршка на владините политики за членство на Македонија во НАТО и во Европската унија. На состанокот се разговараше за повеќе актуелни прашања, …

Прочитајте повеќе »

Димитров: „Шарената револуција“ е жед за одговорност, „бојкотирам“ е повик за неодговорност

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, на својот „Фејсбук“ профил порача дека не може да се повлекува паралела меѓу „Шарената револуција“ и движењето „бојкотирам“, бидејќи, како што вели тој, бојкотирањето на референдумот е повик за бегање од одговорноста. „Шарената револуција е жед за одговорност во ситуација на јавно разоткриен криминал. …

Прочитајте повеќе »

Концерт на „Монистра“ кај прилепскиот Градски саат

Утре, четврток 16 август со почеток во 20.30 часот, на просторот околу Градскиот саат целовечерен концерт ќе одржи етно составот „Монистра“. Етно составот го сочинуваат Александар Јовевски – кавал, тамбура, гајда, Габриела Јанушеска – вокал, Филип Николовски – тамбура, Јован Стрезовски – тамбура, Дарко Ничевски – клавијатури, Марјан Андоновски, Дамјан …

Прочитајте повеќе »

Владата го разреши директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски

На предлог на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната седница Владата на Република Македонија донесе одлука да го разреши Лазо Велковски од позицијата директор на Бирото за јавна безбедност. Владата го разгледа извештајот за текот на имплементација на Планот за гаранција за млади – пилот фаза за 2018 година. …

Прочитајте повеќе »

Одлука на Владата за спроведување на кампања од јавен интерес за претстојниот референдум

На денешната 83. седница, Владата ја донесе следната Одлука за спроведување на кампања од јавен интерес за референдум за прашањето “Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?”: По потпишувањето на Конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името …

Прочитајте повеќе »