Македонија

Вести и новости од Македонија.

Завршни зборови за „Тенк“, продолжуваат судењата за „Тендери“ и „Тотал“

Во Основниот суд Скопје 1 денеска ќе се одржат три судски рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство, од кои за еден ќе се изнесуваат завршните зборови. Во судењето за случајот „Тенк“, во кој, за набавката на прескапиот блиндиран „мерцедес“ вреден близу 600.000 евра, на поранешниот премиер Никола Груевски и …

Прочитајте повеќе »

Лидерска средба за името ќе има, но во термин кој на сите им одговара

Лидерска средба ќе се одржи во термин кој им одговара на сите политички субјекти кои се дел од овој вид средби. Додека се утврди термин кој одговара за сите, лидерот на опозицијата може да побара средба со премиерот, велат за МИА од Владата во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за …

Прочитајте повеќе »

Работничките од МГИ си ги бараат платите

Кога ќе ги добијат заостанатите плати за март и април што ги заработиле прекувремено, прашаа денеска јавно поранешните работнички во конфекцијата „Маседониа гармент индустри“ (МГИ) на мирниот собир пред фабриката во скопската населба Кисела Вода. Работничките најавија дека утре повторно ќе протестираат. Подготвени се да одат до крај и веруваат во …

Прочитајте повеќе »

ВМРО-ДПМНЕ бара итна лидерска средба за преговорите за името

ВМРО-ДПМНЕ бара итна лидерска средба, уште утре, на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров во присуство на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов би ги соопштиле деталите и насоките по кои се движат разговорите за името. Како што соопшти денеска на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ …

Прочитајте повеќе »

Петковски: Една изборна единица и отворени листи

НСДП на Тито Петковски го одржува Четвртиот конгрес со 500 делегати од повеќе градови. Во воведниот говор пред присутните, досегашниот лидер на партијата, кој со неа управува од самиот почеток, односно 13 години, рече дека е политичко самоубиство настапот на избори надвор од двете најголеми политички партии, според Донтовиот модел …

Прочитајте повеќе »

Вонреден инспекциски надзор во „Макстил“

Државниот Инспекторат за животна средина вчера изврши вонреден инспекциски надзор во фабриката „Макстил“, каде што гореше отпадно железо. Во соопштението на Државниот Инспекторат за животна средина и просторно планирање, стои дека погонот Челичарница согласно известувањето од 30 април годинава, не е во функција од 29 април, како и во моментот …

Прочитајте повеќе »

Почна средбата Димитров-Коѕијас-Нимиц во Сунио

Во истиот хотел, каде што вчера се одржа конференцијата за иднината на Европа, во местото Сунио, утрово почна новата рунда разговори за името на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, јави дописничката на МИА од Атина. …

Прочитајте повеќе »

„Слободата и интернетот во Македонија“: Приватноста, лажните вести и говорот на омраза се новите предизвици

Во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје се одржa конференцијата „Слободата и интернетот во Македонија“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ како дел од одбележувањето на 25-годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество Македонија(ФООМ) – #ФООМ25. На конференцијата се дискутираше за развојот на интернетот во земјава, …

Прочитајте повеќе »