Македонија

Вести и новости од Македонија.

Министерката Царовска и градоначалници во посета на Заводот Демир Капија

Министерството за труд и социјална политика денеска организираше средба во Заводот Демир Капија, на која присуствуваа министерката Царовска, заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски и градоначалници и претставници на општини во кои постои можност за вклучување во првата фаза на деинституционализацијата. Во воведното обраќање министерката Царовска изрази благодарност што …

Прочитајте повеќе »

Оваа сабота ќе биде „Ноќ на музеите“ во Прилеп

Утревечер од 19 часот, па до 1 часот по полноќ ќе бидат бесплатно отворени за посети за сите граѓани,  6-те музеи во надлежност на прилепскиот Завод и музеј. Овие активности на прилепскиот музеј се во рамките на манифестацијата „Ноќ на музеите“, по повод 18-ти Мај, Меѓународниот ден на музеите. Како …

Прочитајте повеќе »

Во Атина не се сигурни: Μακεδονία του Ίλιντεν или Δημοκρατία της Ίλιντεν Μακεδονίας

Грчките медиуми ги преземаат информациите од македонските портали околу новиот предлог за името. Во грчка транскрипција и превод, првичните верзии се „Македониа ту Илинден“ (Μακεδονία του Ίλιντεν – Илинденска Македонија) или „Димократиа тис Илинден Македониас“ (Δημοκρατία της Ίλιντεν Μακεδονίας – Република Илинденска Македонија). Информациите се главно околу историјатот на терминот …

Прочитајте повеќе »

СДСМ: За прв пат навреме и неселективно исплатени зголемените субвенции за тутунот

Интегрален текст од денешната прес конференција на Коста Костадинов, пратеник на СДСМ во Собранието на РМ: Владата преводена од СДСМ продолжува со водење на успешни политики и преку конкретни мерки покажува што значи вистинска грижа за граѓаните, за земјоделците и нивниот труд. За прв пат навреме и неселективно исплатени се зголемени субвенции …

Прочитајте повеќе »

Демократската фракција повика „под итно“ да се расчистат структурите во ВМРО-ДПМНЕ

Недозволиво е, па макар тоа било и под диригентска палка на наметнат лидер, ВМРО ДПМНЕ и понатаму да се обезличува и да биде во служба и заштита на обвинетите партиски криминални структури, наместо во служба и заштита на државните и национални интереси. Партијата не смее и понатаму да се става …

Прочитајте повеќе »

Во Охрид почнува работниот дел од дијалогот „Жан Моне“

Претставници на парламентарните партии во македонското Собрание денеска во Охрид ќе ги отпочнат разговорите во рамки на дијалогот „Жан Моне“ насловени како „Клучен принцип на консензус за обединет пристап кон Евро-атлантските интеграции за граѓаните на РМ и институционално јакнење на Собранието како демократски столб на сите реформи“. Средбата е иницирана …

Прочитајте повеќе »

Мицкоски се пожалил на Меј дека државата е во влошена економска состојба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вчерашната средба со британската премиерка Тереза Меј, која беше во кратка посета на Македонија, разговарал за актуелната политичка и општествена ситуација во земјава и можностите за соработка со Обединетото Кралство. „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека државата е со влошена економска состојба, а граѓаните …

Прочитајте повеќе »

ВМРО-ДПМНЕ бара невладините да не издаваат препораки за членовите на Советите на ААВМУ и МРТ

Во собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска се одржа четвртото продолжение на амандманската расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање. Се дискутираше за 5-от амандман на ВМРО-ДПМНЕ, со кој се бара да се избрише ставот од предложениот …

Прочитајте повеќе »