Македонија

Вести и новости од Македонија.

Јанкулоска влијаела Антикорупциска да отвори предмет за имотот на Јасна Црвенковска

Дел од прислушуваните разговори кои денеска беа објавени на рочиштето за случајот „Титаник“ на СЈО, покажуваат дека Мартин Протоѓер за време на изборната кампања во 2011 година и наложува на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да провери дали сопругата на тогашниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, има куќа …

Прочитајте повеќе »

Со општински пари се реновира Техничкото училиште во Битола

Пред почетокот на новата учебна година, во средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ се работи на реновирање на водоводната инсталација и санација на училниците. Со средства од Општина Битола, се реновираат два кабинети и осум училници, а се врши и санација и онаму каде што е потребно, замена на оштетувањата …

Прочитајте повеќе »

Протоколарна средба на Заев со новата амбасадорка на Република Македонија во Обединетото Кралство, Александра Миовска

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска оствари протоколарна средба со новата амбасадорка на Република Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Александра Миовска. На средбата се разговараше за платформата на амбасадорката Миовска за одржување на исклучително блиските и пријателски односи со Обединетото Кралство, развивање …

Прочитајте повеќе »

Одбележани 116 години од раѓањето на Методија Андонов – Ченто

Денеска се навршија 116 години од раѓањето на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто. По тој повод, претставници на локалната самоуправа, Советот на Општина Прилеп, Сојузот на борци, политички партии и здруженија на граѓани, положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на Ченто во центарот на …

Прочитајте повеќе »

Средба на премиерот Заев со претседателот и членовите на ДИК

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска се сретна со претседателот на ДИК, Оливер Дерковски и членовите на Државната изборна комисија. На средбата е заеднички нагласена важноста од професионално и транспарентно работење на Државната изборна комисија пред и …

Прочитајте повеќе »

Во касарната „Мирче Ацев“ одбележан Денот на АРМ

Денот на Армијата на Република Македонија, 18.Август, денеска беше одбележан и во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп. Свое обраќање пред војниците и старешините од прилепскиот гарнизон, претставници на Општина Прилеп, општинскиот Совет, локалните самоуправи од Пелагонискиот регион, МВР, Општинскиот Сојуз на борци, јавните претпријатија и други јавни институции од градот, …

Прочитајте повеќе »

„Титаник“: Протугер го навредува Шврговски зошто отворил истрага за изборни манипулации

Во една од бомбите објавена денеска во судница за случајот „Титаник“, меѓу Мартин Протогер и Гордана Јанкулоска во 2011, пред тогашните избори, се редат навреди за тогашниот републички јавен обвинител Љупчо Шврговски, а сегашен адвокат на Сашо Мијалков. -Абе овој Шврговски, ова копиле скапано. Да му е..м мајката, по допрен …

Прочитајте повеќе »

Димитров: Македонија се зацврствува со Договорот, никој нема да не дели и распарчува

Со Договорот со Грција, Македонија се зацврстува на светската мапа како држава. Никој нема да не дели и распарчува, напротив земјава станува полноправна членка на НАТО и почнува преговори со ЕУ, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров во интервју за „Телевизија 24“. Тој од идниот четврток еднаш неделно на …

Прочитајте повеќе »