Македонија

Вести и новости од Македонија.

Заев и министрите Тевдовски и Дураки на отворањето на пречистителна станица во Радовиш

Денес во Радовиш, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки и Јани Макрадули, присуствуваа на пуштањето во употреба на новата пречистителна станица за третман на отпадни води. Во присуство на …

Прочитајте повеќе »

Ахмети: Предвремени парламентарни избори не се решение

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешниот прием по повод поканата од НАТО за членство на Македонија во алијансата, изјави дека предвремени парламентарни избори не се решение за моменталната политичка состојба во државата, каде во моментов опозицијата жестоко се спротивставува на барањето на Владата членовите на ДИК да се избираат …

Прочитајте повеќе »

Димитров: Ако има глас повеќе против Договорот, ќе прифатиме дека тоа не е вистинскиот пат

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во интервјуто за „Ал Џезеира балканс“ изјави дека референдумот ќе помине успешно и дека граѓаните ќе го одобрат Договорот постигнат со Грција. -Ако има еден глас повеќе против ние сме апсолутно спремни да подадеме рака и да кажеме дека ова не е вистинскиот пат. …

Прочитајте повеќе »

Општините лани склучиле договори за јавни набавки во вредност од 80 милиони евра

Вкупната вредност на јавните набавки на општините во Македонија лани изнесувалa 80 милиони евра, а биле реализирани 2.737 јавни набавки, покажува базата на податоци со сите набавки на општините во 2017 година, изработена од Центарот за граѓански комуникации. Трошоците за јавни набавки по жител изнесуваат 2.401 денари. Општина која склучила најмногу јавни …

Прочитајте повеќе »

Сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер, кој ќе биде особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови. Утринската температура се движеше во интервалот од 10 до 20 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе достигне 32 степени. УВ=8.

Прочитајте повеќе »

Германски средношколци во еднонеделна посета на Прилеп

Во следните седум денови, Прилеп ќе биде домаќин на триесетина ученици од училиштето за средно стручно образование и занимања „Јорг Церн“ од Уберлинген, Сојузна Република Германија. Покрај дружењето со средношколците од СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“, кои ќе бидат нивни домаќини, учениците од Германија ќе учествуваат во санација на германските воени гробишта …

Прочитајте повеќе »

Бошњаковски: Лидерската средба може да го одблокира формирањето на ДИК

Измените на Изборниот законик кои се веќе во собраниска процедура, и со кои изборот на членовите на Државната изборна комисија (ДИК) би се вршел со мнозинство од 61 пратеник, наместо двотретинско мнозинство како досега, ќе влезат во процедура ако утре на лидерската средба не се постигне политички консензус за ДИК, …

Прочитајте повеќе »

Општина Прилеп додели благодарници на најзаслужните субјекти за годинешниот „Пивофест 2018“

Градоначалникот Илија Јованоски денеска свечено во големата сала на Општина Прилеп им додели благодарници на сите субјекти коишто имаа значаен придонес во целосната и беспрекорна организација на годинешниот 16-ти по ред “Пивофест 2018“. Меѓу нив се: СВР Битола, ПС Прилеп, Територијалната противпожарна единица, Службата за Итна медицинска помош, ЈКП „Комуналец“, …

Прочитајте повеќе »