Македонија

Вести и новости од Македонија.

Вечерва е Стара нова година, во Вевчани почнува Вевчанскиот карневал

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат МПЦ-ОА, СПЦ и РПЦ, вечерва се дочекува Новата година, кај народот позната како Стара нова година. Првиот ден на новата година е познат како Василица, кога многумина празнуваат домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот …

Прочитајте повеќе »

Мицкоски: Новите членови на Извршниот комитет се искусни и силно мотивирани

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, новите членови на Извршниот комитет на партијата ги нарече силно мотивирани индивидуи, луѓе кои голем дел од животот го поминале во партиските структури и искусни политичари. Новиот состав беше избран на синоќешната седница на Централниот комитет на партијата. – Убеден сум дека во периодот што …

Прочитајте повеќе »

Облачно време со локален дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Повеќе врнежи се очекуваат попладне, а снег е можен на повисоките места, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од источен правец. Максималната температура ќе биде …

Прочитајте повеќе »

Димитров: Македонија и Грција ќе формираат работни групи за преговори за името

Македонија и Грција се согласија да формираат работни групи предводени од министрите за надворешни работи, кои ќе водат преговори за решавање на 25-годишниот спор за името, изјавил министерот за надворешни работи, Никола Димитров за агенцијата „Ројтерс“. Тој очекува првата средба на новите групи да се одржи во февруари, при што …

Прочитајте повеќе »

Кацарска ќе им суди на Груевски и на Јанкулоска за „мерцедесот“ од 600 илјади евра

Кривичниот суд денеска ги објави имињата на судии кои според новиот распоред на претседателот на судот, Иван Џолев ќе ги водат предметите на Специјалното јавно обвинителство. Така, судијката Добрила Кацарска ќе им суди на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана …

Прочитајте повеќе »

Апелација ги одби жалбите на Чавков, Јовановски, Дурловски и Илиевски

Апелацискиот суд ги одби жалбите на единаесетмина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, меѓу кои и поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, актерот Владо Јовановски, поранешниот директор на Македонската опера и балет Игор Дурловски и Богдан Илиевски – Бетмен, кои и понатаму остануваат во притвор што им …

Прочитајте повеќе »

ОЈО отвори предмет против Дрисла за загадување на животната средина

По допрен глас, Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет за кривично дело, загадување на животната средина и природата, информираат од таму. „Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола …

Прочитајте повеќе »

Следниот петок неработен за православните верници

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека следниот петок, 19 јануари 2018 година, кога се одбележува празникот Водици е неработен за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија. Истовремено, Министерството им го честита празникот на православните граѓани.

Прочитајте повеќе »