Македонија

Вести и новости од Македонија.

Денеска променливо облачно, од утре стабилизирање на времето и пораст на температурите

Денеска ќе преовладува умерено облачно време со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне максимални 14 степени. Во следните денови ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура, која ќе се движи во интервалот од 14 до 22 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе »

Централниот регистар го одби барањето за усогласување на здружението „Цар Борис Трети“

Соопштение за јавност на Централниот регистар: Централниот регистар во текот на денешниот ден донесе Решение со кое барањето за усогласување од страна на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид го одби, од причина што од страна на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид до Централниот регистар во законски предвидениот рок …

Прочитајте повеќе »

Ачковска повикана во полиција за објавата дека момче починало откако му ставиле дрога во пијалокот

Ачковска изјавила дека нема информации за настанот и дека „за тоа слушнала од муабети од деца“. Универзитетската професорка Виолета Ачковска, која завчера на Фејсбук објави статус во кој напиша дека гимназијалец починал откако во пијачката во кафуле му била ставена дрога, денеска била повикана на разговор во полициска станица, известија …

Прочитајте повеќе »

Повеќе од 160 инспектори на терен проверуваат дали се намалени цените

Од 16 март во маркетите по пониски цени се продаваат тестенините и млечните производи, откако стапи на сила владината одлука за замрзнување на цените на овие производи. Млечните производи се намалени за околу 10 отсто, а тестенините за 15 проценти. Претходно владата ја замрзна и цената на белиот и полубелиот …

Прочитајте повеќе »

МВР: Лажните вести за средношколци починати од дрога имаат цел да предизвикаат паника и вознемиреност кај граѓаните

МВР најостро ги демантира лажните вести кои се шират по социјалните медиуми во врска со, наводно, пронајдени починати средношколци во Градскиот парк во Скопје, поради употреба на дрога. „Овие лажни вести започнаа оркестрирано да се шират на социјалните медиуми во изминативе неколку дена, при што заедничката шпекулација за сите е …

Прочитајте повеќе »

Младите бараат работа и повисоки плати за да не заминат

Младите бараат фер шанса за вработување, повисоки плати, можност за напредување и низа други причини за да останат во земјата. Ваквите ставови тие ги изнесоа пред вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, на трибина на која се дискутираше за заклучоците на проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и …

Прочитајте повеќе »

Цените на становите растат – интересот стагнира

Последниот раст на цените на становите ги тера купувачите да се подзамислат за купување нов стан. Но и натаму парите наместо во банка, ги инвестираат во недвижнини. Годишно во земјава се градат по околу 5000 нови станови, додека третина од веќе изградените зјаат празни. Цените на становите се вивнаа „до …

Прочитајте повеќе »

Редовна седница на Советот за социјална сигурност за новата методологија за усогласување на пензиите

влада

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ќе учествува и ќе се обрати на вториот состанок на Советот на социјална сигурност, на кој ќе се усвојува и потврдува зголемувањето на пензиите. Претседавач на состанокот ќе биде министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, а ќе учествуваат и експерти од ресорните …

Прочитајте повеќе »