Македонија

Вести и новости од Македонија.

(Видео) Ковачевски: 2022 година е година на највисока реализација на капитални инвестиции во вредност од 465 милиони евра

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска на прес-конференција ја презентираше реализацијата на капиталните инвестиции во 2022 година. Премиерот Ковачевски посочи дека во минатата година има највисока реализација на капитални инвестиции во вредност од 465 милиони евра. Во продолжение интегралниот текст од прес-конференцијата на премиерот Ковачевски: „Во изминатава година се соочив …

Прочитајте повеќе »

Битиќи: Оваа година мораме суштински да го отвориме прашањето за работната сила во нашата земја

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на годишната конференција со наслов: „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ во организација на Советот за унапредување на високото образование и стратешки …

Прочитајте повеќе »

Ноќеска поскапуваат сите горива

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати ќе се зголемат, во просек, за 1,34 отсто во однос на одлуката од 9 јануари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за 1 денар и од полноќ ќе се продава по цена од 80 …

Прочитајте повеќе »

(Видео) Ковачевски: Подобар животен стандард и нови инвестиции за економски раст и подобри услови за граѓаните и компаниите

Премиерот Димитар Ковачевски со воведно обраќање ја отвори годишната конференција со наслов: „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ во организација на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија. Во продолжение интегралното …

Прочитајте повеќе »

Претседавачот со ОБСЕ Османи во посета на Украина

Претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, денеска ќе ја посети Украина каде ќе се сретне со високи претставници. Ова е прва официјална посета на министерот Османи како претседавач со ОБСЕ. Средбите на министерот Османи ќе се фокусираат на хуманитарните и безбедносните предизвици со кои …

Прочитајте повеќе »

Земјотрес со сила од 4,8 степени во Албанија, почувствуван во повеќе градови во Македонија

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 22 часот и 37 минути, регистрираше земјотрес со епицентар на 20 километри североисточно од Тирана, во Албанија и со локална Рихтерова магнитуда од 4.8 степени. Според досегашните информации со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Македонија, особено во …

Прочитајте повеќе »

Денеска и во текот на седмицата топло време со натпросечни температури за овој период од годината

Под влијание на влажен бран, времето денеска и во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни и обилни. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец што ќе услови релативно топло време за овој период …

Прочитајте повеќе »

МНР со реакција до Софија поради „недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Северна Македонија“

МНР

Министерството за надворешни работи (МНР) информираше дека по дипломатски пат реагирало до властите во Република Бугарија со барање официјална Софија да се огради од „недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Северна Македонија“. Од МНР велат дека ги следат изјавите на одредени бугарски политички фигури чии провокации продолжуваат …

Прочитајте повеќе »