Македонија

Вести и новости од Македонија.

Пратеничките го креваат гласот против говорот на омраза

По неколкуте инциденти во Собранието, кога пратенички се пожалија на вербални напади и навреди, тие бараат со закон да се казнува говорот на омраза кон жените. „Не викајте, како дивјаци се“. Овој повик на пратеничката од редовите на СДСМ, Жаклина Лазаревска, упатен кон колегите пратеници во Собранието, за влакно можеше да …

Прочитајте повеќе »

Што значи 8 Март – дупка во знаењето на младите

Младите кои ги анкетиравме не знаат кои се Роза Луксембург и Клара Цеткин. Повеќето од нив, 8 Март го поврзуваат едноставно со љубовта за мајките и бабите. За тоа од каде ваква „дупка“ во знаењето, побаравме коментар од историчарот и наставник Васко Гичевски Цвеќарниците на цветниот пазар во Скопје oчекуваат …

Прочитајте повеќе »

Груби: Владата го одобри договорот за автопатите на Коридорите 8 и 10Д

На предлог на Комитетот за преговори за изградба на Коридорите 8 и 10Д, со кој раководи вицепремиерот Артан Груби, македонската влада денеска го одобри договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д, информираат од Кабинетот на Артан Груби. Одобрувањето на договорот за изградба на автопатите на Коридорите 8 и 10Д …

Прочитајте повеќе »

Грковска – Задиќ: Корупцијата е проблем во сите држави, неопходен е ефикасен механизам кој ќе ја сведе на најниско ниво

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ, со која разговараа за потребата секоја држава да има ефикасен и независен правосуден систем. Вицепремиерката Грковска се заблагодари за поддршката што Австрија и ја дава на …

Прочитајте повеќе »

Од владината седница на која се обрати шведската амбасадорка: Северна Македонија ја има поддршката во натамошниoт процес на евроинтеграции

Владата денеска ја одржува редовната 134-та седница. На почетокот на владината седница, на покана на премиерот Димитар Ковачевски, се обрати амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џејн, која пред претставниците на Владата направи осврт на приоритетите и актуелностите на шведското претседателство со Советот на Европската Унија. „Иднината на Западен Балкан …

Прочитајте повеќе »

Одложено првото рочиште за сопственикот на Доказ, судењето затворено за јавноста

Обвинителката Зорица Павловиќ побара рочиштето да биде затворено за јавноста бидејќи се работи за кривични дела против моралот и за да се заштити приватниот живот на оштетените за кои ќе се изнесуваат лични интимни работи. Првото рочиште против сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски денеска беше одложено откако неговите адвокати …

Прочитајте повеќе »

АНАЛИЗА: Почна “ловот” на сезонски работници во регионот, дома драматичен раст на слободните работни места

Земјите од опкружувањето – Грција, Хрватска, Бугарија и Словенија претежно бараат келнери, бармени, хигиеничарки, кувари – кадар кој е дефицитарен и во земјава. Земјите од регионот со излез на море почнаа со сезонски вработувања. Грција, Хрватска и Словенија почнаа со првите повици за вработување на работници во угостителско-хотелиерскиот сектор, пишува Порталб.мк. Најновите …

Прочитајте повеќе »

Место да се урива, дивоградби пак никнуваат во Охрид

Незадоволство од спроведувањето на препораките на УНЕСКО и недоволната грижа на институциите за да се зачува природното и културното наследство на Охридскиот Регион, има и од македонска и од албанска страна на езерото. На прагот на пролетта се будат и новите градежни зафати на брегот на Охридското Езеро.Екологистите алармираат дека место да …

Прочитајте повеќе »