Македонската апликација Challenger воведе награди за секој изминат километар на велосипед

Македонската апликација Challenger воведе награди за секој изминат километар на велосипед

Велосипедистите од вчерашниот ден добија нова поволност за редовното користење на ова превозно средство. Македонската мобилна апликација Challenger лансираше нова функционалност, со којашто се наградуваат корисниците коишто активно возат велосипед.

За секој поминат зелен километар корисниците добиваат поени, кои потоа може да се заменат за попусти во локални бизниси. Исто така, со исполнување на зададени предизвици се добиваат и директни награди, информираат од Challenger. Бројот на поените расте заедно со зголемувањето на поминатата километража пеш или на велосипед од корисниците на апликацијата.

„Сè што треба да направи корисникот е да ја интегрира Challenger со познатата апликација STRAVA за да ги наградуваме километрите поминати на велосипед. При секое возење на велосипедот потребно е корисникот да ја вклучи STRAVA за да почне истата да ги мери километрите“, велат од Challenger.

Оваа мобилна апликација засега брои 6.000 корисници, како и повеќе од 40 бизниси кои меѓусебно се поддржуваат, инспирираат и натпреваруваат со цел да станат општествено одговорни.

Тие велат дека нивната цел се обидуваат да ја исполнат преку две димензии, да се поттикне приватниот сектор да ја вметне зелената агенда во нивниот бизнис модел, а од друга страна да се изгради заедница на корисници кои живеат одржливо и не придонесуваат за загадување на животната средина. Оваа апликација во изминатиот период доби многу признанија, а воедно е партнер на тековната кампања IT4Charity. Мобилната апликација е бесплатна и достапна за сите корисници на Android и iOS.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …