Во текот на престојниот викенд Македонската Е-спорт Асоцијација (МЕСА) организира натпреварувања во три игри и тоа: во сабота, популарната Dota 2 со натпреварување 1 против 1, мобилната игра и интернационална сензација Clash Royale во недела и турнир во шах закажан во понеделник, кој со помош на интернетот во последниот период повторно се враќа со огромна популарност, информираат од МЕСА.
Како што велат тие, натпреварувањата ќе се одвиваат онлајн со цел помогање во борбата против новата реалност со пандемијата предизвикана од новиот корона вирус. Како и на досегашните настани на МЕСА, борбата помеѓу играчите ќе биде пренесена во живо на најголемата интернет платформа за стриминг Twitch.tv, односно на Twitch.tv/mesa_esports
МЕСА ги поканува сите заинтересирани заедно да ги проследат овие турнири кои се дел од Gaming Weekend.