Македонската економија е стабилна, подготвена да им помогне на граѓаните за справување со енергетската криза

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи, останува посветена на надминување на последиците од енергетската криза и заштита на економскиот стандард на граѓаните.

Активирани се сите капацитети за производство на електрична енергија, за да се спречи увозот на скапа струја.

Во буџетот за 2022 година веќе има предвидени 130 милиони евра кои ќе бидат наменети за антикризни мерки за помош на граѓаните и на стопанството.

Овој износ дополнително ќе се зголемува доколку се јави таква потреба.

Во овој период се креираат конкретни мерки за помош кои ќе се реализираат во текот на годината а кои ќе имаат за цел директна помош на семејствата, но и на компаниите.

Македонската економија е стабилна, подготвена да се соочи со предизвиците што со себе ги носи енергетската криза, но и пандемијата со коронавирусот.

Со преземање на навремени, ефикасни економски политики, за годинава очекуван е раст на економијата од најмалку 4,6 отсто.

Новата Владата предводена од СДСМ ќе остане фокусирана на сериозно зголемување на домашните приватни инвестиции и влез на нови странски директни инвестиции.

Сето тоа ќе влијае на дополнителен пад на невработеноста која сега изнесува 15.9 отсто, како и на забрзување на економскиот раст.

Платите ќе продолжат да растат и во текот на оваа година. Следува ново зголемување на минималната плата, што со себе ќе донесе раст и на просечната плата која наскоро ќе ја надмине границата од 30.000 денари, односно 500 евра.

Подобар економски стандард и повеќе пари кај граѓаните, но и конкретна помош за домашната економија се приоритетите на новата Влада предводена од СДСМ.

Посветено, ефикасно и одговорно продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните и државата.

Прочитајте повеќе

По четири дена измачување, се ослободуваат две од трите блокирани крстосници во Скопје

Приватните превозници утрово почнаа да ги отстрануваат автобусите кои во понеделникот, на 05 декември, ги …