Македонските претставници со два златни медала на Европското клупско првенство во таеквондо

Македонските претставници со два златни медала на Европското клупско првенство во таеквондо

Македонската натпреварувачка Милијана Рељиќ со четири победи се избори за злетен медал на Европското клупско првенство во таеквондо, што од 22 до 26 август се одржа во Талин, Естонија, соопштија од Македонската таеквондо федерација.

Во првото коло, Рељиќ ја победи италијанката Франческа Куомо со 2:0 во рунди, во второто коло извојува победа на Марија Лабузова од Украина со истиот резултат, по што во полуфуналните борби ја победи Надина Махмуд од Египет. Во финалната борба, Мел Мина од Еквадор ја предаде борбата поради поврда добиена во другото полуфинале. Инаку, Милијана Рељиќ ја победила Мел Мина и пред две недели во финалната борба на Израел Г2 Опен со 2:0 во рунди.

Со овие два златни медала од овој месец, се очекува Рељиќ да добие висок пласман на светската и олимписката ранг листа, а тренерот Александар Ефтимов очекува голем успех и на светското првенство што во ноември ќе се одржи во Мексико.

Покрај Рељиќ, вчера и олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски освои златен медал во својата категорија сениори +87 килограми, декласирајќи ги своите противници.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …