Македонските средношколци со историски успех на Балканската математичка олимпијада

Македонските средношколци со историски успех на Балканската математичка олимпијада

Со еден златен, два сребрени и бронзен медал се вратија македонските учесници од Балканската математичка олимпијада БМО 2022.

Средношколецот Никола Спировски го освои златниот медал, додека Дамјан Давков и Јан Стојановски освоија средбрени. Бронзениот медал го освои Алексиј Тасиќ, а пофалници добија Јасна Илиева и Блаже Суклески.

Лидерите на тимот, Никола Велков и Петар Филиповски соопштија дека македонскиот тим годинава го постигнал и најголемиот екипен успех со освоени 118 поени, а според бројот на освоени медали го зазема третото место, после Романија и Грција.

Балканската математичка олимпијада годинава се одржа од 4. до 9. мај во Кипар, каде учествуваа тимови од 11 балкански држави.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Вучиќ и Зеленски: Заедно низ политичко минско поле

Вучиќ и Зеленски: Заедно низ политичко минско поле

Украинскиот претседател Володимир Зеленски,  и неговиот домаќин, српскиот претседател Александар Вучиќ, на денешната средба, сабота (8 август) во Белград, ги очекува …