Македонско-бугарски бизнис форум во Скопје: се интензивираат бизнис односите помеѓу двете земји

Македонско-бугарски бизнис форум во Скопје: се интензивираат бизнис односите помеѓу двете земји

На 17 јануари 2019 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, ќе се одржи бизнис форум „Македонија-Бугарија 2019“, кој се организира на иницијатива на заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев и потпретседателот на Советот на Министри на Република Бугарија, м-р Томислав Дончев.

На бизнис форумот воведни обраќања ќе имаат македонскиот и бугарскиот вицепремиер, како и на министерот за економија м-р Крешник Бектеши, заменикот министер за економија на Република Бугарија, Александар Манолев и заменичката министерка за туризам на Република Бугарија, Ирена Георгиева.

Се очекува присуство на претставници на преку 50 компании од Република Бугарија и уште поголем број на претставници на македонски компании на бизнис форумот, кој е прв по потпишување на „Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, потпишан помеѓу двете земји во 2017 година.  Компаниите од двете земји ќе имаат можност да остварат меѓусебни средби за време на форумот, со цел интензивирање на меѓусебните бизнис односи.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …