Македонското државно знаме уништено на прославата на албанското знаме

На синоќешната прослава на Денот на албанското знаме, искинато македонското државно знаме

На синоќешната прослава на Денот на албанското знаме во Скопје, во близина на Бит-пазар на раскрсницата кај ТЦ „Мавровка“, еден од присутните го искина и уништи државното знаме.

На социјалните мрежи се појави и видео од синоќешните срамни сцени.

Покрај поголемиот дел од политичките партии, реакција со осуда стигна и од Сојузот на борци, од каде го осудија вандалскиот чин на сквернавење и кинење на македонското знаме.

„Секогаш и во времето на НОБ заедно сме се бореле за слободата. Вчерашниот чин на кинење и скрнавење на македонското знаме е крајно вандалски чин и ние како Главен одбор на СБМ од НОАВМ 1941-1945 сме згрозени од овој чин и целосно го осудуваме“.

Прочитајте повеќе

САД: Нападнат иранскиот остров Харг, база за извоз на нафта

САД: Нападнат иранскиот остров Харг, база за извоз на нафта

Американските вооружени сили ја нападнаа иранската островска база Харг, клучна за нафтената инфраструктура на Иран, …