Макроекономскиот монитор К1 2021на Finance Think

Макроекономскиот монитор К1 2021на Finance Think

Finance Think го објави Макроекономскиот монитор К1 2021.

Во првиот квартал од 2021, БДП се намали за -1.9% на годишна основа, како резултат на третиот бран од пандемијата со Ковид-19, кој наметна продолжување на карантините дома и кај главните трговски партнери. Во вакви околности, исцрпувањето на ефектите од две клучни владини мерки – субвенција за задржување на работните места „14.500 МКД по работник“ и еднократната парична помош за ранливи групи граѓани – ја задржаа приватната потрошувачка нешто над нивото од К1-2020 (раст од 0.4%). Додека, јавната потрошувачка ја започна консолидацијата по големата експанзија во претходните три квартали (во К1-2021, намалување од -2.2%). Инвестициите забележаа остар пад (-16.6%), што е рефлексија на воздржаноста од преземање позначајни потфати, но надворешната трговија покажа знаци на подобрување (раст на извозот од 8.6% и на увозот од 2%), што делумно се должи и на ослабувањето во текот на првиот квартал лани (ниска споредбена основа). На производната страна, најголем дел од дејностите се на или блиску до нивото од К1-2020, со исклучок на преработувачката индустрија која забележа пад од 6.2%.

Невработеноста во првиот квартал од 2021 понатамошно благо се намали, на 16% од претходните 16.1% (К4-2020), додека, вработеноста забележа понатамошно благо зголемување, од 46.8% на 47.1%, што упатува на стабилизација на пазарот на труд. Нема понатамошна пасивизација на активното население која беше интензивна во вториот и третиот квартал од 2020, но нема ниту позначајни знаци на реактивирање. Во првиот квартал, транспортот, хотелиерството и услугите со храна, и другите услужни дејности изгубиле вкупно околу 9,500 работни места споредено со К4-2020, што е во линија со карантините и наметнатото затварање во пикот на третиот бран од пандемијата.

Неизвесноста во економијата спласна во вториот квартал од 2021 со почетокот на процесот на масовна имунизација и постепеното намалување на рестриктивните мерки против коронавирусот. Под претпоставка дека економските текови ќе може да се нормализираат до разумен степен до почетокот на есента 2021, проекцијата за растот на БДП во 2021 изнесува 4.1%.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …