Зградата на МВР

Малолетничка дала 25.000 евра на соученици за да го заштити нејзиниот брат од ќотек

Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра

Малолетничка која учи во основно училиште на подрачје на Бит Пазар, во повеќе наврати давала пари на нејзини соученици, кои подолго време ѝ се заканувале дека ќе го тепаат нејзиниот помал брат, соопштија денеска во Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Денеска во 00.30 часот во СВР Скопје, 52 годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари. Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, информираат во МВР.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одиме за Кочани

Граѓанското движење „Кој е Следен“ оваа сабота ќе оди во Кочани на „Маршот на Ангелите“

Граѓанското движење најави дека тргнувањето ќе биде организирано од две локации, паркинзите на „Хотел Хилтон“ …