Манчевски во Радовиш: Нашите деца да растат со европски вредности и во просперитетна Македонија

Манчевски во Радовиш: Нашите деца да растат со европски вредности и во просперитетна Македонија

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска е во посета на оштина Радовиш каде имаше средби со граѓаните, со градоначалникот Ѓерасим Конзулов и со претставниците на бизнис заедницата.

Во радовишкото село Подареш, во рамки на кампањата „Излези за европска Македонија“, министерот Манчевски на отворена трибина, разговараше со мештаните и ги претстави придобивките од членството во Европската Унија и НАТО.

„Убеден сум дека сите вие верувате и знаете дека единствената шанса за нашите деца да растат во европска Македонија е престојниот референдум на 30-ти септември да успее. Доста беше неизвесност и изолација, младите во Радовиш, младите во Подареш заслужуваат подобра иднина. И тие заслужуваат еднакви можности за образование, работа и личен развој, какви што имаат нивните врсници ширум Европа. Ова единствено е можно ако бидеме рамноправна членка на ЕУ и НАТО“, истакна министерот Манчевски.

Како што потенцираше министерот Манчевски, на 30-ти септември ќе ја потврдиме нашата определба и затоа велиме: Излези ЗА европска Македонија! Затоа што тоа значи повисоки приходи за граѓаните, поголеми инвестиции и нови работни места, поголем и стабилен пазар за домашните фирми, економски развој и подобар живот на сите наши граѓани и за сите наши деца.

Во разговор со граѓаните, министерот Манчевски одговараше и на повеќе прашања за тоа што конкретно ќе добие Радовиш и регионот, откако Македонија ќе влезе во Европската Унија.

„Досега за општина Радовиш од фондовите на ЕУ се издвоени над 5 милиони евра. Во мала општина ваквата директна помош може да постигне многу. Вие тоа најдобро го знаете. Знаете дека станицата за прочистување на отпадни води во Радовиш беше комплетирана со директна инвестиција од ЕУ која чинеше 5 милиони евра. Дополнително, со ЕУ фондови се работеше на водоводната мрежа.  Со почетокот на преговорите со ЕУ, забрзано ќе расте и економската соработка со соседна Бугарија, што е значајно за Радовиш и целиот регион. Повеќе трговија, туристичка размена, нов граничен премин, а потоа, конечно, и крај на границите. Со помошта од ЕУ, полесно ќе ги реализираме нашите планови за регионализација на производството во Малешевијата, одржливо и квалитетно производство, рационално и праведно субвенционирање, и брендирање на локални производи кои ќе се најдат во маркетите низ цела Европа“, рече министерот Манчевски.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …