МАПАС ќе ги информира пензионерите кои се оштетени со нераспределбата на пензиите

МАПАС ќе ги информира пензионерите кои се оштетени со нераспределбата на пензиите

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), известува  дека во рамките на своите надлежности ќе соработува со надлежните институции заради заштита на интересите на членовите на пензиските фондови, поради скандалот со пензиите кој го откри Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

„Исто така, МАПАС ја известува јавноста дека ќе ги информира членовите за нивната распределба во соодветните пензиски фондови и за средствата кои ќе бидат пренесени на нивните индивидуални сметки, вклучувајќи и надоместок за ненавремена распределба“, се вели во соопштението.

Од МТСП информираа дека денеска до Основното јавно обвинителство ќе достави кривична пријава против непознат сторител и сите документи од анализата на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите во распределувањето придонеси за дел од идните пензионери.

Истражувања на пензискиот систем кои ги направи МТСП со Меѓународните финансиски институции за првпат по 12 години откри дека кај 12.000 осигуреници уплатените придонеси останале само во државниот пензиски столб. За нив воопшто не се распределувале средства во приватниот (втор) столб, иако осигурениците ги исполнувале условите. На овој начин директно им било скратено правото за остварување повисока пензија на овие 12.000 идни пензионери. Така, еден осигуреник со просечна плата има изгубено околу 95 илјади денари во период од 2007 до 2018 година.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Затвор Шутка

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во …