Маричиќ и Гир го презентираа финалето на проектот „Поддршка на реформите на правосудниот сектор“

Маричиќ и Гир го презентираа финалето на проектот „Поддршка на реформите на правосудниот сектор“

Министерот за правда Бојан Маричиќ и шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава Дејвид Гир го презентираат финалето на проектот „Поддршка на реформите на правосудниот сектор“ кој изминативе години придонесе во натамошно спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, направи чекор кон натамошно зајакнување на независноста, ефикасноста и квалитетот на работата на судиите и обвинителите како и зајакнување на капацитетите на сите засегнати страни во правосудството.
Министерот Маричиќ во своето обраќање се заблагодари за континуираната соработка и поддршка на Европската Унија, во сите важни процеси низ кои поминуваме и кои се резултат на заемните заложби за соработка и дефинирање на динамиката во процесот на обезбедување независност на судството, зголемување на ефикасноста на институциите, заштита на правата и слободите на граѓаните.

-Во текот на двегодишната имплементација Проектот понуди низа активности реализирани преку обезбедување експертска поддршка на институциите корисници, советувања за стратешко и буџетско планирање за Академијата, судовите и обвинителствата, обуки за управување во судовите и обвинителствата, работилници, состаноци, конференции, препораки како да се унапредат вештините за управување, и да се зголеми довербата на јавноста, упатства и решенија за подобрување на комуникациските канали и интероперабилноста, се со цел зајакнување на капацитети на правосудните институции и подобра примена на правото на Европската унија, кажа Маричиќ.
Министерот за осврна и на приоритетите за оваа година, односно што ќе биде во фокусот на Министерството за правда.
-Доследна имплементација на моделот за евалуација на судиите и јавните обвинители од страна на Судски совет и Совет за Јавни обвинители, процес кој ќе се спроведува исклучиво преку постоечките механизми – тела и законски решенија, а кое како министерството ќе го следиме. Овој процес е дел од амбициозната владина „Акција 21“ преку која оваа година ќе се преземат сериозни чекори на повеќе полиња со цел носење на европските стандарди – дома. Отпочнување со мониторинг на судски предмети врзани со висока корупција, кој опфаќа околу 50 предмети годишно, околу 50 предмети годишно – проект на ОБСЕ и ЕУ, потенцираше Маричиќ.
Шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава Дејвид Гир, во својот говор истакна дека демонстрирањето на силна политичка волја е суштинска во постоењето на ефикасен систем кој ќе обезбедува владеење на правото, а со тоа и доверба на граѓаните. Комплетната имплементација на принципите за независност, ефикасност и транспарентност во правосудството мора да продолжи, истакна Гир.

Останува клучно правосудството да се заштити од мешање на политиката. ЕУ ќе продолжи да дава помош во имплементацијата на стратегијата во секторот на правдата и ќе го поддржува владеењето на правото. Следната фаза од поддршката ќе продолжи следните недели, со голем проект вреден над 12 милиони евра, а ќе трае пет години. Нашата заедничка цел и да изградиме доверба во системот во кој сите ќе бидат еднакви пред законот, каде правдата не е цел, тука факт и тоа во интерес на граѓаните, потенцираше евроамбасадорот.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …