Маричиќ: На самитот на ЕПП Мицкоски доживеа дебакл, целосен меѓународен пораз на лажните и лицемерни политики

Маричиќ: На самитот на ЕПП Мицкоски доживеа дебакл, целосен меѓународен пораз на лажните и лицемерни политики

Прес конференција, Бојан Маричиќ, претседател на Комисија на СДСМ за Европски прашања:

На самитот на Европската народна партија во Загреб, се случи целосен меѓународен пораз на лажните и лицемерни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Не само што се покажа дека едно зборува пред граѓаните а друго надвор од државата,  туку и јавно, пред камери, на клучните стратешки теми Мицкоски доживеа дебакл.

Тоа е очкувано, затоа што Мицкоски нема свој став туку работи под диктат на Никола Груевски.

Дури и Европската народна партија, каде членка е ВМРО-ДПМНЕ и има право на глас, во донесената Резолуција од загрепскиот самит, констатира дека ЕУ со неносењето одлука за почеток на преговорите, направила историска, геостратешка грешка.

Тоа е потврда дека ние ги направиваме реформите што беа потребни, дека се што требаше испорачавме, но дека одлуката на ЕУ е поради внатрешни проблеми во самата Унија, како што и највисоките челници на ЕУ потврдија.

Оваа резолуција е врел шамар за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои виновници бараа внатре во земјата.

Се покажа уште еднаш дека целиот демократски свет ги препознава реформите и успесите, дека сите важни фактори и претставници во ЕУ се за тоа да започнеме преговори, само Мицкоски навива против напредокот на нашата татковина во евроинтеграциите.

Радоста на Мицкоски дека биле во право оние што ја блокирале нашата земја очигледно заврши неславно и тоа на негов терен.

Додека дома Мицксоки вели дека не го признава уставното име на државата, граѓаните видоа дека нема проблем неговата ВМРО-ДПМНЕ во Европската народна партија да биде претставничка од Република Северна Македонија.

Самитот во Загреб го разоткри сиот лажен патриотизам, го разоткри сето лицемерие на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

На Самитот на Европската народна партија, Мицкоски го поддржа Договорот со Бугарија за кој велеше дека е штетен по националните интереси, го призна уставното име и Договорот од Преспа.

Мицкоски се премисли за се за што зборуваше во изминатите две години и го порекна за само две минути.

Толку од искреноста, честитоста и доследноста во ставовите за кои зборува Мицкоски.

Затоа граѓаните на 12 април ќе го казнат неговиот нечесен и лицмерен однос и ќе пoтврдат дека државата е прав пат.

Маричиќ: На самитот на ЕПП Мицкоски доживеа дебакл, целосен меѓународен пораз на лажните и лицемерни политики

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Само СДСМ ја има моќта да ги обедини граѓаните зад идејата за европска Македонија

Ковачевски: Само СДСМ ја има моќта да ги обедини граѓаните зад идејата за европска Македонија

„СДСМ отсекогаш покажувала лидерство и одговорност. И само СДСМ може да го предводи обединувањето на …