Маричиќ во Приштина го потпиша Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети меѓу Северна Македонија и Косово

Министерот за правда Бојан Маричиќ, придружуван од заменик-министерот Агим Нухиу, денес во Приштина остварија билатерална средба со косовска министерка за правда Албулена Хаџиу. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа правосудство и правдата, но и за реформите кои Северна Македонија и Косово ги спроведуваат со цел зацврстување на правната држава и владеењето на правото.

Министрите Маричиќ и Хаџиу го потпишаа Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети меѓу Северна Македонија и Косово со кој значително ќе се олесни правниот сообраќај меѓу двете земји.

-Нашите две земји ги поврзува добра економска и политичка соработка. Сепак, најдобар мост меѓу двете земји се луѓето кои се многу поврзани и секојдневно комуницираат. Наша задача како политичари е да направиме сè што можеме да го олесниме нивниот живот. Денешната посета и потпишувањето на Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети, најдобро говорат дека водиме политики со кои го олеснуваме пристапот до правда и ги поедноставуваме судските процедури за граѓаните на двете земји, истакна Маричиќ.

Со Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети се воспоставува и дипломатскиот пат на комуникација, кој ќе овозможи побрза и поефикасна граѓанска постапка и ќе се дозволи директна комуникација меѓу надлежните органи на двете земји, со цел брз одговор од институциите без претходно да е задолжително процедурите да минуваат преку Министерствата за правда.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …