Реплика на пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска на излагањето на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, на денешната собраниска седница за избор на новата Влада:
„Јас сум Марија Геориевска, Македонка, православна, која говори македонски јазик. Ќерка на Божидар и на Трајанка, внука по татко на Димко и Маца од Алимасковци, внука на Пејко и Илинка од Пејковци. Ова е дел од моето фамилијарно стебло, ова е мојот идентитет за којшто потајно во сите говори нафрлате дека вие сте патриотите, а ние останатите дискутираме за него. Јас ве молам, почитувана колешке, вие и вашата партија да престанете манипулативно да ја користите картата на национализмот, кој секогаш го употребувате во моменти кога треба да се носат важни одлуки за иднината на нашата држава“.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место