Марјановиќ: Пропаст на договорот со Грција ќе значи изолација за земјата и поделби

Еден од најафирмираните професори по кривично право Ѓорѓи Марјановиќ во ТВ колумна за емисијата Фактор магазин вели дека ако не успеат уставните измени во Собранието, тогаш единствено решение се нови избори, додавајќи дека резултатите од овој консултативен референдум упатуваат на тоа дека и на нови предвремени избори расположението на населението ќе биде исто.

„Всушност, во моментов, во Македонија се кристализирани 2 опции. Едната е за Европска Македонија, (со широка поддршка од најзначајните и најмоќните политичари во светот), со јасни насоки земјата да влезе во друштвото на современите демократии каде што има ред и поредок, почитување на законите и владеење на правото и другата опција е опцијата за зачувување на уставното име. Всушност, продолжување на оној глупав акроним ПЈРМ од кој на сите ни се крева косата на глава. За жал, освен зачувување на уставното име, оваа опција не и нуди никаква јасна перспектива на Македонија. Напротив, би рекол дека може целосно да ја изолира земјата и да ја втурне во бран од несакани сценарија на поделби, социјални немири, итн.

Пензионираниот професор од Правниот факултет во ексклузивна ТВ колумна за емисијата Фактор магазин оценува дека олитичарите во Македонија имаат статус на недопирливи . Според Марјановиќ  за да се врати вербата на обичниот граѓанин во правната држава, потребно е секој политичар кој се огрешил пред законите да одговара.

„Како професор по кривично право секогаш сум се залагал за почитување на законите. Ако се прифати амнестијата за сите злодела што ги направија претходните носители на власта (а нашиот Претседател како да милува повторно да ја применува), со тоа само се охрабруваат неговите миленици, (кои би требало да одговараат пред судовите) – за нови злодела“.  Спиралата на злото веќе еднаш мора да ја прекинеме, во спротивно, со неказнивост, ризикуваме да влеземе во еден маѓепсан круг од кој после никогаш нема да успееме да излеземе“, дециден е Марјановиќ.

Извор: Фактор

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …